Тагармишево
Тагармишево или Тагармиш (грчки: Υδρόμυλοι, Идромили; до 1926 г. Ταγαρμίς, Тагармис или Ταργαμίς, Таргамис[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало во северозападниот крај на Солунското Поле (или Пазарското Поле), на десниот брег на Гуменџиска Река, меѓу селата Кониково и Бозец. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Тагармишево било македонско село во Ениџевардарската каза. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го опишува Грмишево (Грмышево) како македонско село.[2][3] На австриската воена карта селото е обележано како Тавремешли (Текрим Вермешли) (Tavrermešli (Tekrim Vermešli), а на картата на Кондојанис стои како Текри Вермесли (Τεκρή Βερμεσλή), означено како христијанско село.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Текри Вермишли (Тогармишево) имало 95 жители Турци,[5] што е очигледна грешка. По податоци на Бугарската егзархија во 1910 г. Тагармишево имало 8 семејства со 43 жители Македонци.[2][6] Во неговиот патописен попис Боривое Милоевиќ посочува дека селото Тагармишево има 15 куќи, сите на Македонци христијани.[7] Во ГрцијаПо Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Претходната 1912 г. е регистрирано како село со христијнска вероисповед и македонски јазик. Во пописот од 1913 г. Тагармишево (Ταγαρμίς, Тагармис ) се води како село со 73 жители, од кои 33 мажи и 40 жени. Населението е принудено да се пресели во Бугарија. Ликвидирани се 5 имота на жители преселени во Бугарија.[4] Пописот од 1920 г. го спомнува како напуштено.[7] Во 1926 г. е преименувано во Идромили.[8] Малку подоцна во Тагармишево се населиле 2-3 влашки сточарски семејства, така што во 1928 г. се забележани 12 жители.[7] Сепак, и тие наскоро го напуштиле селото, и тоа престанало да се води како населба. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia