Спирлитово
Спирлитово или Испирлик (грчки: Πλαγιάρι, Плајари; до 1926 г. Ίσπερλικ, Исперлик[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 349 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Турци.[3] ГеографијаСелото е сместено во Солунското Поле, во јужното подножје на планината Пајак, 12 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар). ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спирлитово броело 600 жители, сите Турци.[4] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 93 турски куќи.[3] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 595 жители, кои во 1920 г. се салиле на 501 лице.[3] Во 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти од Источна Тракија, и тоа од Болаир (Плајари), како и некои од Мидија и Оргаз. Во селото дополнително се доселиле и Власи од кожанското село Влашка Блаца и соседната Голема Ливада. Во 1926 г. селото е преименувано во Плајари, по старото село на мнозината дојденци.[5] Според пописот од 1928 г. Спирлитово било чисто дојденско село со 213 лица (82 семејства).[6] Во 1940 г. Спирлитово имало 465 лица кои по војните почнале да се намалуваат, што трае до денес.[3] Цркви
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоБидејќи е полупланинско, селото е релативно сиромашно. Се одгледуваат жито, пченка, памук, сончоглед и тутун. Делумно е застапено и сточарството.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia