Балџа (Ениџевардарско)
Балџа или Бал’џа (грчки: Μελίσσι, Мелиси; до 1926 г. Μπαλίτζα, Балиѕа или Μπαλίτσα, Балица[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 1.087 жители. До 1936 г. било населено со Македонци, кои денес се околу една четвртина од населението.[3] ГеографијаСелото е сместено околу 5 км југоисточно од градот Пазар (Ениџе Вардар), по патот за Воден.[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Балџа броела 94 жители Македонци и 30 Роми.[4][5] Цялото село било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Балчор (Baltchore) имало 120 Македонци под патријаршијата (грчката црква).[4][6] На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:
Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 103 жители, кои во 1920 г. се намалиле речиси напола на 64 лица.[3] Во 1926 г. е преименувано во Мелиси. Селото не напрадувало и силно страдало од маларија поради близината до Ениџевардарското Блато и затоа било малубројно и во него се доселени само малку грчки колонисти. Во 1928 г. селото имало 54 жители, од кои 12 биле дојденци (4 семејства).[8] По исушувањето на блатото во 1930-тите се добила здрава клима и плодно земјиште, па затоа властите доселиле поголем број грчки колонисти од Понд и Мала Азија, кои првично биле сместени по попасивните села.[3] Во 1940 г. Балџа броела 407 жители кои веќе во 1951 г. пораснале на 700,[3] веројатно поради поволните услови создадени од ослободеното земјиште. Во 1971 г. е забележан пад на 470 жители, но веќе следното десетлетие селото повторно пораснало на 879 жители и продолжило да се развива до денес.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото се смета за богато бидејќи лежи во поле кое речиси целосно се наводнува. Се произведува овошје и памук, а се одгледуваат и млечни крави. ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia