Долно Крушари
Долно Крушари или Долно Крушаре (грчки: Έξω Αχλαδοχώρι, Егзо Ахладохори; до 1926 г. Έξω Κρουσάρ, Егзо Крусар или Κάτω Κρούσαρι, Като Крусари[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Селото престанало да постои нешто по 1928 г.[2] ГеографијаСелото се наоѓало во Солунското Поле, југозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар). Лежело меѓу селата Долно Власи, Липариново и Прањани.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВо XIX век Долно Крушари било македонско село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Долно Крушари броело 420 жители, сите Македонци христијани.[3][4] Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Κροσάρι) има 352 жители под Бугарската егзархија.[5] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 5 куќи на Роми муслимани.[2][6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 38 жители (20 мажи и 18 жени), а во 1920 г. опаднало на само 5 жители, од кои 4 мажи и 1 жена, што значи дека селото веќе се распаднало, а во него останале само наемни работници на велепоседничк имот.[2]. Во 1924 г. Ромите како муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Селото било сосема напуштено. Во 1926 г. името на селото е преведено на грчки како Егзо Ахладохорион, т.е. „Надворешно Крушево“.[6] Во меѓувреме тука се доселени неколку влашки семејства кои во 1928 г. броеле 55 лица.[2] По неколку години селото конечно се распаднало, а дојдените жители веројатно се преселиле во Горно Власи.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia