Трифулчево
Трифулчево (грчки: Τριφύλλι, Трифили; до 1926 г. Τριφούλτσοβο, Трифулцово[2]), на турски: Кадиќој — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 481 жител (2011). Сè до 1924 г. било населено со Македонци и Роми, а денес е населено со грчки доденици и малку Македонци.[3] ГеографијаСелото е сместено во Солунското Поле, 4 км северно од Кадиново, близу патот од Пазар за Воден. ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа почетокот на XX век Трифулчево било село во Ениџевардарска каза на Османската империя. Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) вели дека во 1900 г. Трифулчево (Кади Ќој) броело 240 жители Турци,[4] што е погрешен податок. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 20 куќи, од кои 5 на Македонци христијани и 15 на Роми муслимани. Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 208 жители, кои во 1920 г. биле 233.[3] Во 1920-тоте муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На негово место се доведени грчки колонисти од Понд, а во 1924 г. и грчки дојденци од Источна Тракија.[3][5] Во 1926 г. селото е преименувано во Трифили. Според пописот од 1928 г. селото имало 280 жители, од кои биле 213 грчки дојденци (62 семејства), а остатокот биле Македонци.[6] Поради поволните услови, во 1940 г. населението нараснало на 469 лица и продолжило умерено да се развива.[3] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото се смета за богато бидејќи лежи во поле. Се произведува овошје, памук, жито, бостан и др. Застапено е и краварството.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia