Градиште (Ениџевардарско)
Градиште (грчки: Κύρρος, Кирос, до 1926 г. Παλαιόκαστρο, Палеокастро[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција.[2] ГеографијаСелото се наоѓало во Солунското Поле, в подножјето на планината Пајак, 11 км северозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар). ИсторијаГрадиште е изградено на местото на древномакедонскиот град Кир.[3] На почетокот на XX век Градиште е заведено како мало селце во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), во 1900 г. Градиште (Паликастра) броело 106 жители Македонци.[4][5] По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 75 жители, а во 1920 г. веќе имало двојно повеќе луѓе — дури 139 лица.[2] Во 1920-тите властите довеле грчки колонисти. Во 1926 г. селото е преименувано во Кирос (грцизиран облик на Кир), согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Во 1928 г. селото имало 125 жители, од кои 70 биле грчки дојденци, а останатите Македонци.[6] Околу 1930 г. сите жители го напуштиле селото. Од Македонците, девет семејства се преселиле во В’дришта и едно во Сарбегово, а дојденските се прибрале во соседното Обор.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia