Долно Власи
Долно Власи (грчки: Εξώβαλτα, Ексовалта; до 1926 г. Έξω Βλάχ, Ексо Влах[1]) — поранешно село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Постол во областа Централна Македонија, Грција. ГеографијаСелото се наоѓало во источниот дел на Солунското Поле, 4 км северозападно од Пласничево и 20 км југозападно од градот Пазар (Ениџе Вардар), меѓу селата Врежот и Кадиново.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоВ края на XIX век Долно Власи било село во Ениџевардарска каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горно и Долно Власи живееле вкупно 330 Македонци и 40 Роми.[3][4] На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:
При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 г. еден човек од Власи учестувал Македонско-одринските доброволни чети.[7] Во ГрцијаПо Втората балканска војна во 1913 г. Долно Власи е припоено кон Грција. Во 1926 г. властите го преименувале во Ексовалта. Во 1920 селото имало само 5 жители, од кои 4 мажи, а во 1928 г. повторно имало 5 жители, од кои 4 грчки дојденци. Селото било напуштено и неговиот атар е припоен кон атарот на Врежот.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia