Мажучиште е старо село, што се гледа по старите родови кои претежно живеат во Горно Маало.[2] За време на ослободувањето од Турците, селото е затекнато како чифчиска населба, при што само 10 домаќинства имале своја земја. Сопственици на чифлиците биле: Аџи Муто, Аџи Мето, Шериф, Мамуд, Дурмиш, Асан, Мамут Дуро од Прилеп и Рамадан Курто од Дебар.[2]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) и имало 50 семејства, 3 неженети и 1 вдовица, сите христијани.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Мажучишта се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото Мажучиште живеат 346 жители, сите Македонци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 275 жители, од кои 251 Македонец, 4 Албанци, 4 останати и 16 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Староседелци:Апостоловци (19 куќи), Черговци (15 куќи), Барџевци (6 куќи) и Солевци (7 куќи). Черговци и Барџевци порано чинеле еден род.
Доселеници:Кондевци (7 куќи) доселени се од поречкото село Грешница; Жежовци (4 куќи) доселени се од Охридско; Шербановци (1 куќа) доселени се од Дебреште; Дековци (6 куќи) од селото Сенокос најпрво се населиле во Големо Мраморани, во денешното село се доселени 1897 година; Чибуковци (4 куќи) порано биле еден род со Дековци; Шумкаровци (10 куќи) од Галичани се иселиле најпрво во Беровци, па во денешното село од 1900 година; Клацковци (3 куќи) доселени се во 1900 година од селото Дупјачани; Големковци (2 куќи) од Дупјачани најпрво се иселиле во Сенокос, па во денешното село од 1900 година; Пејовци (1 куќа) доселени се во 1900 година од Долно Житоше; Апчевци (1 куќа) доселени се пред 1912 година од селото Беровци, во Беровци имаат истоимени роднини доселени од Прилеп; Шишковци (1 куќа) доселени се кога и Апчевци од Заполжани; Нешковци (3 куќи) доселени се после Втората светска војна од селото Гостиражни.[13]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Параглајдер лета над Мажучиште
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1446 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“