Забрдени (Костурско)
Забрдени (грчки: Μελάνθιο, Мелантио; до 1927 година Ζαμπύρδενη, Забирдени[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција Населението брои 72 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа на околу 16 километри југозападно од општинскиот центар Рупишта (Аргос Орестико) и на 8 километри југоисточно од Нестрам (Несторио). Во селото се наоѓа забрденскиот манастир „Свети Ѓорѓи“. ИсторијаЗа време на Османлиското ЦарствоСелото се споменува во османски дефтер од 1530 година под името Забердани со 63 христијански семејства и едно муслиманско[3] Кон крајот на XIX век Забрдени е исламизирано село во северниот крај на Костурската Каза на Османлиското Царство, потурчено најверојатно за време на Али-паша Јанински.[4] Во статистиката на Васил К’нчов, во 1900 година Забрдени е забелажано како село со 300 жители Македонци муслимани.[5] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Забарден се води како чисто „турско“ село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 60 куќи.[6] Треба да се напомене дека тогаш исламизираните Македонци биле нарекувани „Турци“. Според грчката статистика од 1905 година во Забрдени живееле 500 Турци.[7] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Забрдени станува дел на Кралството Грција. Во 1924 година муслиманските жители се иселуваат во Турција, а на нивно место се населиле бегалци, Грци од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 72 семејства и 309 жители бегалци[8]. Во 1927 година името на селото е променето во Мелантион ДемографијаПописиДвижењето на населениото по години е следното[9]:
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението во селото произведува главно жито, тутун, костени и друго овошје. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia