Свети Илија (Саракина)
Свети Илија (грчки: Αϊ-Λιάς, Ај Лијас) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција.[1] ГеографијаСелото се nao]alo високо на планината Саракина, на западниот брег на денешната акумулација Лошничко Езеро на реката Јазовино, притокa на Лошничка Река.[1] ИсторијаВо XVIII век Свети Илија било едно од неколкуте мали сточарски селца растурени по Саракина. Неговите жители страдале од турски разбојници и околу 1800 г. се преселиле во Лошница и Косинец[2], вселувајќи се во куќите на семејството на Ахмед-бег, убиено во април 1800 г. од капетанот Муцо (Муцогрекос). Бидејќи му припаѓале на родот Санација, нивното маало во Лошница го добило името Санацииско. Кога го напуштиле Свети Илија, тие со себе ја понеле иконата на Свети Илија од истоимената црква, и ја поставиле во иконостасот на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Лошница, каде стои и денес. Дури и по конечната преселба во Лошница, селаните продолжиле да ја обработуваат нивната земја во старото село и таму да ги пасат овците. Црквата „Св. Илија“ стоела сè до крајот на XIX век и таму се празнувал Илинден на 20 јули. На 9 мај се празнувал и денот на Свети Христофор во неговиот параклис над напуштеното село, сместен на истоимениот врв.[1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia