Слимништа
Слимништа (дијалектно: Слимнишча; грчки: Μηλίτσα, Милица; до 1926 г. Σλήμιστα, Слимиста или Σλήμιτσα, Слимица[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населено е исклучиво со Македонци, но е подложено на силно погрчување.[3] ГеографијаСелото се наоѓа на 6 км југоисточно од Костурското Езеро и на 12 км јужно од Костур. Лежи на патот од Дупјак за Богатско. Селото е рамничарско — на исток е планината Саракина, а на запад од ниските ридови извира потокот Извор, кој заедно со поројницата Сушлица се влева во Ѓоле.[4] ИсторијаВо антикатаНа месноста Извор, на около 100 м северозападно од последните куќи на селото, има карпест рид на кој има остатоци од римска тврдина. Откриени се фрагменти од керамика од тој период. До црквата „Св. Петка“ е откриена градба од доцноримско време. Пронајдени се и четири византиски монети и капител од VI век, кој му припаѓал на балдахин или иконостас на црква. Наодите се чуваат во Рупишкиот археолошки музеј.[4] Во Османлиското ЦарствоВо османлиските дефтери од средината на XV век Слимишта е спомнато со 41 глави на семејства и четири ергени: свештеникот Пандино, Џон, Јорко, Михо, Јорко, Богдан, Андрија, Џурко, Алекса, Димо, Михо, Сирос, Јано, Борко, Тодор, Васил, Јано, Џурко, Лазор, Мано, Јован, Димо, Величко, Стефан, Јано, Михо, Џурко, Ивгеч, Борко, Стефан, Стамат, Михо, Никола, Михо, Никола, Јорко, Јорко, Коста, Иврето, Михал, Васил, Јано, Стефан, Јано и Томаки, и шест вдовици Добра, Ѓура, Кала, Зуја, Добра и Добра. Вкупниот данонечн приход од селото изнесувал 2.906 акчиња.[5] Гробишната црква „Св. Димитриј“ е од XVII век.[4] Во XIX век Слимништа било на самата јужна граница на македонскиот етникум. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) забележал дека селото имало 60 македонски куќи, 76 семејни двојки и 153 даночни обврзници. Жителите се занимавале со мелничарство, плетење на рогозини и др. Имало една црква и свештеник, а во селото живееле и неколку ромски семејства.[6][7]}} Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Слимништа имало 150 жители Македонци и 150 Грци,[6][8] но Тодор Симовски го смета ова за грешка и тврди дека населението е исклучиво македонско.[3] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Слимница е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 40 куќи.[9] На почетокот на XX век Слимништа била под врховенството Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Слимница има 320 Македонци под патријаршијата и во селото работело грчко училиште.[6][10] Според грчка статистика од 1905 г. селото имало 750 жители.[11] Според Георги Константинов Бистрицки, Слимништа пред Балканските војни имала 35 „грчки“ куќи.[12] Ова е секако грешка, бидејќи Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период вели дека Слимишта имало 40 куќи на Македонци христијани.[13] Спомнувањето на „Грци“ веројатно се однесува на оние делови од населението врз кои влијаела грчката пропаганда. На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Слимишта се води како македонско село.[6][14] Во ГрцијаЗа време на Балканските војни селото било окупирано од грчка војска и во 1913 г. влегло во состав на Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1926 г. селото е преименувано во Милица. На пописот од 1928 г. населението броело 303 жители.[3] Традиционално селото произведува жито, тутун и многу градинарски култури, а земјата се наводнува од реката Ѓоле.[3] Во 1943 г. селото е изгорено од Италијанците и Бугарите.[4] Селото не настрадало во Граѓанската војна и затоа населението продолжило да расте.[3] Црквата „Св. Мина“ на сретселото е камена базилика.[4] Во селото има и стара воденица.[4] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни наменитости
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia