Општина Другово
![]() Општина Другово — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Другово. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 г., а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба од 2013 година, кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Вранештица и Осломеј[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013. Територијата на Општина Другово е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Дебрца (порано Општина Белчишта) и Општина Демир Хисар (порано Општина Сопотница) на југ, Општина Дебар и Општина Маврово и Ростуше (порано Општина Ростуша) на запад, Општина Кичево и Општина Зајас на север и Општина Пласница и Општина Крушево на исток. ГеографијаТериторијата на општина Другово' се наоѓала во Западна Македонија. Всушност , таа била и најголема општина во Кичевската Котлина која го зафаќа нејзиниот западен и јужен дел и припаѓала на горното сливно подрачје на реката Треска, која извира на овој простор. Релјефно таа се наоѓала меѓу планините Бистра на север, Стогово на запад, Илинска планина на југ, на тесен простор на исток со Бушева и на североисток со дел од рамништето на Кичевско Поле. Таа граничела со општините Кичево, Зајас, Маврово и Ростуше, Центар Жупа, Демир Хисар, и на тесен дел со Крушево и Пласница. Преку неа водел главниот пат Гостивар-Кичево-Охрид, а има и локални и регионални патишта. Територијата на општина Другово зафаќала површина од 385 км2 и се вбројувала во поголемите со простор општини во Република Македонија. Просечна густина на населеноста изнесувала само 8,48 жители на км2 , што укажува на мошне малата населеност во општината ,а која располага со добри природни ресурси. ЕкономијаГлавно стопански гранки на населението биле земјоделството, шумарството и сточарството. ДемографијаСпоред пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 3.249 жители со густина на население од 8,48 жители на километар квадратен. Оваа општина била една од најмалите во државата. Етничкиот состав на општината бил следниот[2]:
Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[3]:
Вероисповед на населението според пописот од 2002 година:
ИселеништвоНаселените места во општина Другово забележале пад на населението поради миграцијата село-град. Добар дел од луѓето се иселувале во поголемите урбани центри во Македонија. Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Другово во 2011 паднал за над 30% во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Другово е трета општина по падот на вкупниот број на ученици.[4] Општествени установиВо рамките на општината функционирале: ЦОУ „Христо Узунов“ - Другово и ЈП „Хигиена“ - Другово.
Администрација и политикаПоследен градоначалник на општина Другово бил Добре Никоски. Општината имала вкупно 9 советници кои го претставуваат 28 села од општината. Во склоп на општина Другово биле следниве села: Белица, Брждани, Видрани, Големо Црско, Горна Душегубица, Горно Добреноец, Долна Душегубица, Долно Добреноец, Другово, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Јаворец, Јудово, Кладник, Кленоец, Козица, Лавчани, Малкоец, Мало Црско, Манастирско Доленци, Подвис, Попоец, Пополжани, Прострање, Свињиште, Србјани и Цер. Дел од селата, географски, се демирхисарски. Културни и природни знаменитости
Личности
Култура и спортВо Другово функционирале: КУД „Гоце Делчев“ - Другово и ФК Гоце Делчев - Другово. Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia