Носии од Дебарски Дримкол![]() Носијата во Дебарски Дримкол била носена во седумте села од овој регион. Оваа носија надоврзува на носијата од Голо Брдо со истите облековни елементи, но со разлики во нивното украсување и потемни колористични решенија. [1] Машката носијаMажите во с. Јабланица и околните села од Дебарски Дримкол носеле бела кошула од домашно или „мерика“ платно и бели платнени гашти кои биле долги до глуждовите. Над кошулата се носело бел платнен фустан со 50 до 80 клинови кој бил долг до под колена и џамадан кој порано бил од црвена чоја „свита“, кој бил заменато со еден од бела (ретко црна) клашна со црни гајтани по рабовите. [2][3] Над се се опашувало бел волнен појас (широк 15-20cm, долг 3m), а понатаму се појавил и од црна волна. Од горн а облека исто така се издвојува кусале (допојасна облека) од црна/кафеава „сура“ клашна со правоаголна јака која можела да се употреби како капа, рокалник со долги ракави и црни гајтани по рабовите кој се носел на кусалето во зимата, а сточарите носеле гуна (безракавна облека) од црна клашна која била долга до под листовите. [2][3] За време на празници, над се се носела бела клашнена долама со долги ракави внатрешно расцепени од пазувите до лактите, долга до колена, до појасот тесно припиена за телото, а надолу ѕвонесто се ширела со 20-30 клинови и со црни гајтани околу рабовите и ракавите. Доламата била изоставена од почетокот на ХХ-иот век. [2][3] На нозете, мажите носеле или шалвари од тенка црна клашна без гајтани или бечви од бела/црна клашна украсени со црни гајтани, волнени пругасти чорапи „калчини“ над кои се носеле бели клашнени тозлуци за време на зимата кои биле долги од глуждовите до колената и се закопчувале со копци. ![]() Над шалварите/бечвите врзувале дизги од црна и алена (црвена) волна. Исто така носеле опинци од пресна говедска кожа со сукани врвци „опчајници“, а за време на празници носеле или опинци од штавена кожа или „дебарски“ црни чевли. На главата носеле или фес „тунус“ со долги сини/црни свилени реси, или валана црна волнена „дебарска“ капа, или новопојавената (во регионот) шубара од јагнешка кожа. [2][3] Женската носијаОблеките што ја сочинуваат невестинската носија, наречени срамачки се најмногу украсени и најдекоративни, што е посебно забележливо на ракавите од невестинската кошула, означени како тноки рокаи - за денот на свадбата, оние наменети за понеделникот по свадбата - дотноки рокаи, како и декоративна мала невестинска скутина бофча, со долги волнени рески. [1] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia