Народни носии од Горни Села![]() Народните носии од Горните битолски села или само Горни села биле носени во селата јужно од Битола[1], како и во некои села кои денеска се наоѓаат во Грција (Негочани, Клештино, Битуша, Клабучишта, Раково, Опсирина, К’басница, Кладороби, Св. Петка, Буф, Арменско и Псодери).[2][3] Народната носија е означена како горноселски руфет има свои посебни одлики.[1] Женска носијаОблеките од постарата женска носија што била во употреба до крајот на XIX век и почетокот на XX век, биле богато украсени со извезени, вткаени и аплицирани мотиви во светлоцрвена ал боја, по што и целокупната носија се означувала како алска. Кошулата со богати, густо извезени мотиви на ракавите и долу по полите, клашнената облека шајак, со светлоцрвени украси, ткаената скутина прегач, вкусно орнаментираните алови чорапи ја оформуваат носијата од овој предел. Зимската облека е ресулка, изработена од црвена клашна, украсена со црвени гајтани и рески од внатрешната страна. Невестинството се одбележувало со декоративната клашнена облека згорнца, ткаените крпи, шамиите, со нанизи од пари и метални украси. Големата бела квадратна марама наречена даркма, со извезен украс гуган во едното ќоше, е покривка за глава. Жалоста жените од овие села ја искажуваат со носење даркма, која како траурен белег има извезен бел гуган со бели поткити. Носењето на алскиот руфет (облеки декорирани со изразито црвена боја) во овие села, бил карактеристичен до крајот на 19-ти век. Невестите од овој период најпрво облекувале алска кошула под која се редело кадифено грло. Горна облека бил алскиот шаак, а на половината имало појас од брсјачки тип. Над појасот невестата ставала скутина - алска фута врз која се препашувал колан со пафти, под кои се редело скопец. Над пафтите имало ткаена крпа. Белата даркма на главата имала алски гуган и алска киска.[4] Но од почетокот на 20-ти век, особено од предилинденскиот период и потоа, оваа алска носија се заменува со облеки во кои преовладува црната боја, како во извезените и вткаените украси така и во материјалот од кои се изработени горните облеки. Црни облеки, како и кошули украсени со црн вез, веројатно прво се јавиле во селото Буково, зошто под името буковски се означуваат и во соседните региони, во кои се прошириле и биле носени - Леринско Поле, Прилепско Поле, Горна Преспа, Долна Преспа.[1] Машка носија![]() Машкиот рувет од Цапарско Поле и Горните Битолски Села се состои од бела волнена ванела со широко-отворени ракави и затилок, над која се носела бела платнена кошула, која исто така била кроена со широки ракави. Таа имала итн. „плиси“ диплени од половината надолу и кошулата била везена на „затилокот“ и на градниот дел. Припиени на телото се носеле белите платнени гашти. Со нив се носеле вид бели шајачки ногавици „тузлуци“ долги од глушдовите до седлото, а над нив се носеле бели или црни пртеници од шајак, долги од глуждовите до колената. ![]() Околу половината се носело волнен црвен или црн појас, широк 10 см и долг неколку метри, а над кошулата се носело џамадан од црн или бел шајак, опточен со црни гајтани по рабовите и кој се закопчувал напред со „скопци“. Над се се носело тн. „Ќурдија“ (името во Цапарско поле) или „Ресачка“ (името во Горните села) која била од црн валан шајак, долга до под колената и украсена по рабовите со алови или црни гајтани, а старите мажи често носеле антерија која наликувала на ќурдијата/ресачката, а била опточена само со црни гајтани. За време на зимата се носело кожув со ракави до лактите и долг до колената, носен од постарите мажи. На нозете носеле или шалвари (со тесни ногавици) или бечви (со широки ногавици), двете направени од шајак во темни бои кои се врзувале за половината со ленена врвца или врвца од шајак. Сточарите носеле црна волнена гуна која била долга до под колена и постоеле два вида: една со ракави, а друга без. Исто така носеле орнаментирани волнени чорапи, над кои носеле опинци од свинска кожа, а на главата носеле фесови со „пискули“ до 1912, а од таа год. се носело кожни капи со „цулувка“ на горниот дел.[5][6] ![]() Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia