Народни носии од Кајларско

Сариѓол / Кајларско
Играорци во носии од с. Ракита, Сариѓол
Играорци во носии од с. Ракита
Играорци во носии од с. Мокрени, Сариѓол
Играорци во носии од с. Мокрени

Народната носија од Сариѓол била носена во истоимената област, но и во леринските села Баница, Горничево и Церово, и во планинските села Прекопана, Зелениче, Сребрено, кои се сметат за Сариѓолски, „макар и да се в’планината“. [1]

Машка носија

Мажите од овој предел носат бела платнена кошула, опашена со широк волнен појас. Над него се носело минтан со ракави кои се закопчувале со копци, а над истиот се носело елек, кој бил опточен со црни гајтани по рабовите, и бил половина закопчен, со горната половина останувајки отворена. Над сите овие облеки во зимно време носеле долама од црн шајак, долга до петите, и била опточена со црни гајтани и црвени ширити. [1]

На нозете носеле сини шајачки облеки (потури за летно време, а пртеници за зимско време). Додатно може да се образложи за потурите, кои биле тесни под колената, стегнати со подвески и закопчени со копци; а над колената биле широки со дипли. Исто така на нозете наместо опинци, носеле тн. „кондури“; а на главата мажите носеле црна чалма. [1]

Женска носија

Жена во носија од с. Баница за време на првата светска војна (Сариѓол/Кајларско)

Жените од кајларско за разлика носеле бела платнена кошула, антерија направена од европска материја и полнета со памук, која се раширува од појасот надолу, и имала ракави кои се закопчувале. Истата била отворена на градите и опточена со гајтани по рабовите. Антеријата се опашувала со колан кој бил 3 прсти широк и направен од домашен материјал. Над се, жените носеле тн. „кусо“, направено од чоја кое било долго до појасот (коланот), со ракави и отворено со две поли. На главите носеле шамии; младите девојки носеле градски шамии, а постарите жени носеле големи, црни шамии со игли од страните. [1]

Галерија

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Петров, Ѓорче (1896). Материали по изучвањето на Македонија (PDF). Софија: Печатница В'лков. стр. 679–680.

Надворешни Врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya