Носии од Петричко, Светиврачко и Мелничко ПолеНосии од Петричко, Светиврачко и Мелничко Поле — припаѓаат на Струмско-местанската етнографска целина и ги носат карактеристичните обележја од истата. Машките носии се многу едноставни, додека женските, особено невестинските, се богати со многу делови и украси чија декорација е изведена во различни текстилни техники. Под влијание на турската култура на облекување, која е нагласено присутна во овој регион, некои горни облеки биле изработувани од пругасти ткаенини како алаџа и антерија од домашно или фабричко производство.[1] Женска носијаЖенската народна носија од Петричко, Светиврачко (Санданско) и Мелничко Поле е сложена и разновидна. Основен дел е долгата бела кошула која допира до глуждови украсена со геометриски изведени растителни мотиви на ракавите и долниот дел. Невестинската кошула претставува една од најбогато везените кошули со орнаментална декорација.[2] Карактеристична облека е саја, најчесто бела памучна, отворена напред по целата должина, со кратки ракави и долга до колена. Таа е извезена на предниот дел, страните и долниот раб, а украсена е и со црвени парчиња ткаенина и гајтани. Задниот дел е исто така опточен со црвена ткаенина декорирана со богат вез. Според бојата, може да биде бела или сина саја. Лазарките ја носеле оваа облека за време на нивните момински обредни игри изведувани на празникот Лазара. Во некои села, како на пример во селото Сестрино, невестата носела две саи една врз друга: зимската саја направена од волнена црвено-виолетова ткаенина со апликации и извезена со разнобојни линеарни мотиви се облекувала над кошулата, и врз неа се облекувала пократката бела саја. Невестинскиот појас бил ткаен во црвено-виолетова боја со бели шарки и долги рески на краевите. Скутината - опрегач, од една дипла била црвена и украсена на повеќе начини:
Задолжителна била горната безракавна облека наречена везено кепе, направена од црна волнена ткаенина, надолу прошарана и декорирана со црвени апликации и вез. Чорапите биле плетени од волнена преѓа, најчесто црвени или бели, со повеќебојни хоризонтални шари околу глуждовите и на предниот дел на стапалото. Главата се покрива со бела или црвена марама, носена преклопена преку челото со пуштени краеви или врзана на традиционален начин. Важен украс од невестинската носија е челниот чумбер (или чумбра) со нанижани сребрени пари. Задниот дел на главата се украсува со сребрена китка и линејки од сребрени пари спуштени преку грбот. Дополнително, на главата се носи метален накит кој од слепоочниците се спушта до образите прикачен на синџирчиња. Носијата се украсувала и со гердани, копчиња и други украси. Највпечатливи се масивните сребрени пафти со кружни и листовидни форми, носени на посебен волнен колан. Кон почетокот на 20 век, во селото Горна Рибница (Санданско), почнала да се носи горна женска облека од домашна свилена ткаенина со кариран дезен во црвено-зелена и жолта боја, наречена бураки, по што и носијата го добила истото име. Машка носијаВо Петричко, Светиврачко (Санданско) и Мелничкото Поле, до првите децении на 20 век, машката носија егзистирала во состав: бела платнена кошула, долги бели платнени гаќи кои допираат до глуждовите, црвен појас ткаен од волнена преѓа, допојасна безракавна облека елек, од црна волнена ткаенина и крзнена капа шубара. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia