Петар Мартулков

Петар Мартулков
Роден 12 мај, 1875
Велес, Отоманска Македонија
Починал 1947
Софија, Народна Бугарија
Почивалиште Централни софиски гробишта
Татко Пано Мартулков
Роднини Алексо Мартулков

Петар Мартулков (Велес, 12 мај 1875Софија, 1947) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација. Брат на велешкиот социјалист Алексо Мартулков.

Животопис

Петар Мартулков е роден на 12 мај 1875 година во Велес, тогаш во Отоманското Царство. Негов роднина е деецот на ВМРО (Обединета) и БКП Александар Мартулков. Во 1897 година завршил математика и физика на Софискиот универзитет, по што предава во Битолската егзархиска гимназија заедно со Даме Груев и Михаил Герџиков.[1]

Мартулков активно учествувал во Битолскиот и Одринскиот револуционерен округ. Во 1900 година пристигнал во Одринско и бил избран за член на Одринскиот окружен револуционерен комитет, но откако бил разоткриен во 1901 година се преселил во Бугарија. Во 1902 година завршил школата за резервни офицери и го добил чинот подпоручник.

Петар Мартулков учествувал во Балканските војни и Првата светска војна. По војните бил главен инспектор по математика и физика во Министерството за просвета и е автор на многу учебници по математика и физика за средните бугарски училишта.[2][3] Умрел во Бугарија во 1947 година.

Извори

  1. Силянов, Христо, „Освободителнитѣ борби на Македония, I“, стр.110
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 100.
  3. Биография от сайта на ВМРО[мртва врска]

Поврзано

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya