Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлискидефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било муслиманско, со 39 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 192 мажи муслимани, со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 386 жители.[2]
Според истражувањата од 1941 година, родови во селото се.
Доселеници:Муриз (60 к.) доселени се кон крајот на XVIII век од северна Албанија. Припаѓале на фисот Бериша; Тенџер (55 к.) доселени се од северна Албанија кога и претходниот род. Исто така се од фисот Бериша; Мулија (42 к.) доселени се од северна Албанија. Припаѓале на фисот Красниќи; Малина (24 к.) доселени се од северна Албанија. Овде се доселиле преку Косово. Припаѓаат на фисот Шаља; Маслан (14 к.) доселени се во првата половина на XIX век. Припаѓале на фисот Бериша.[13]
Иселеништво
Ова село пред да стане албанско, било православно македонско. Стари иселеници од селото има во Трпеза кај Гнилане (Љубисав), Бинча во Горна Морава (Шорлиќи, Ѓуриќи, Илиќи, Милкиќи, Џојкини и Цајчиќи). Могила во Горна Морава (Пржиќи). Кучевиште (Рајчиниќи, Шегменовиќи, Црничани, Белинци и Шејкови). Како и во градот Куманово (Вацеве).[13]
↑Османлиски документи за историјата на Македонија - пописи од XIX век на муслиманското население - Скопски Санџак, каза Скопје. Скопје: д-р Емил Крстески. 2020.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“