Општина Вранештица
![]() Општина Вранештица — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Вранештица. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 година, а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба во 2013 г. кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Другово и Осломеј[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013 г. Територијата на Општина Вранештица е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Другово на југ и запад, Општина Кичево на запад, Општина Македонски Брод и Општина Осломеј на север и Општина Македонски Брод и Општина Пласница на исток. ГеографијаОпштина Вранештица се наоѓала во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓала во Кичевското Поле и имала вкупна површина од 109.13 км2. На север општината граничела со општините Македонски Брод и Осломеј, на запад со Кичево и Другово, на исток со Македонски Брод и Пласница, на југ со Другово. СтопанствоВранештица била позната по грнчарството. Во селото Вранештица има долга традиција на изработна на грнчарски производи, као што се стомни, тави, ќупови и сл. ИселеништвоНаселените места во општина Вранештица забележале пад на населението поради миграцијата село-град. Добар дел од луѓето се иселувале во поголемите урбани центри во Македонија. ДемографијаСпоред пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 1.322 жители со густина на население од 12.11 жители на километар квадратен. Оваа општина била една од најмалите во државата. Етничкиот состав на општината бил следниот[2]:
Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[3]:
Религија на населението според пописот од 2002 година:
Администрација и политикаПоследен градоначалник на општина Вранештица бил Ванчо Србаковски. Општината имала вкупно 9 советници кои го претставуваат 15 села од општината. Во склоп на општина Вранештица биле следниве села: Атишта, Бигор Доленци, Вранештица, Дупјани, Карбуница, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани, Светораче, Староец и Челопеци. Општествени установи
Културни и природни знаменитости
Личности
Наводи
ПоврзаноНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia