На 3,5 км северозападно се наоѓа ранносредновековната тврдина Субаши.[3]
Во Отоманското Царство
Според предание запишано од Јордан Н. Иванов селото било напуштено во „чумните години“ пред доаѓањето на Османлиите, и на почетокот на XIV век некојси Ибрахим-паша Сенгел-бег го основал новото село. За да ги привлече македонците од околните села, тој во селото ја изградил старата црква „Св. Спас“.[4] Црквата „Св. Атанасиј“ е од средината на XIX век. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Ченгел Калеси или Ченгел Ќој е посочено погрешно како малко муслиманско село со 50 домаќинства на 130 жители.[5]
Сингелово, големо село во подножјето на истоимената планина, која тука се нарекува Беш. Околу Сингелово извираат изобилни води, кои се притоки на Бистрица. Реката Дели Крава мачно се прегазува со коњ. Патот што минува низ Рупелскиот Дервент е добар, рамен. Селаните се заимаваат со земјоделство. Богата почва со сè. Недалеку се наоѓаат минералните води. Црква, во која се служи мешано, и исто такво училиште со 40 ученици. 350 куќи Турци и 400 Македонци.[6][7]
До крајот на XIX и почетокот на XX век село Сенгелово било еден од важните центри на железната индустрија во областа Мрвачко. Во селото до средината на XIX век работел и самоков. Во рудниците некогаш се добивало и злато и сребро, за што сведочат старите галерии, наречени златници. Кај селото има огромни купишта згура, најголемите во цело Мрвачко.[4]
Во Грција
Бања во Сенгелово
Во Првата балканска војна во 1912 г. Сенгелово е окупирано од VII Рилска дивизија на Бугарската армија. Тогаш селото имало 370–200 македонски, 70 турски, 70 ромски и 30 влашки куќи.[4] По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 1.190 жители.[11]
Во 1916 г. професорот Васил Златарски го посетил селото како учесник во научно-разузнавачката мисија во Македонија и Поморавјето приредена од воениот штаб. Во отчет до началникот тој напишал:
„
Селото Ченгел е големо и богато; населението е македонско и зборува на серско наречје; имало и турци, но тие избегале уште во 1912 г.[8][12]
“
Според бугарски извори, во Првата светска војна голем дел од жителите се иселиле во Бугарија, и во селото наводно останале само 17 гркомански семејства. Македонскиот историчар Тодор Симовски го посочува пописот од 1920 г. каде вели дека тогаш биле заведени 965 жители, што би значело дека бројот на иселениците е драстично помал.[11] Во 1927 г. селото е преименувано во Ангистрон (кука)[13] а во селото се доведени грчки колонисти од Мала Азија. На пописот од 1928 г. Сенгелово било мешано мештанско-дојденско село со вкупно 1.240 жители, од кои само 346 лица биле грчки дојденци, а остатокот македонски мештани.[14] Така селото повторно станало етнички мешано, но со голема бројна надмоќ на Македонците.
Потомците на бегалците од Сенгелово во Бугарија живеат во Свети Врач (Пиринска Македонија), Аспарухово (Варненско) и други.[15]
Месности во Сенгелово преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г.
↑ 4,04,14,2Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 27.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 138–139. ISBN954-8187-21-3. no-break space character во |pages= во положба 4 (help)
↑Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 855.
↑Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 28.
↑ 19,019,1Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 92.
↑ 20,020,120,2Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 216.
↑Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 204.