Пиростија (планина)
Пиростија (грчки: Πυροστιά) — планина во Гребенско, Егејска Македонија, дел од Северен Пинд.[1][2] ОписПланината е голем масив на југозападниот крај на Гребенско, дел од венецот Северен Пинд. Од планинскиот масив Авго на запад е одвоена со превојот Ставрос или Салатура Ставру (1.640 м) и реката Лумница; од масивот Миља на југ е разделена со превојот (1.640 м) од кој почнува реката Кира Кали, притока на Венетик на исток.[1] Карпите се офиолити и флишови.[1] Планината е дел од националниот парк „Пинд“ од 1966 г. како и од националниот парк „Северен Пинд“ од 2003 г. Обрасната е со црн бор, бука, бел бор, зеленика и др. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1310002 и 1310003) и прогласена за место од орнитолошка важност (068).[1] До врвот се стасува преку превојот Ставрос (Салатура Ставру, 1.640 м) за околу 2,5 часа.[3]
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia