Свети Никола — црква во тетовското село Челопек. Во црквата има стар и вреден фрескоживопис кој бил реставриран и конзервиран од страна на македонскиот академски сликар и зограф Драган Верговски[1]. Црквата е градена меѓу 1337 и 1347 година и е една од најстарите речиси целосно зачувани цркви во тетовскиот регион од овој период. Иконостасот на црквата е направен во 1860 година и се состои од 26 икони. Двата слоја на фрескоживописот потекнуваат од 14 и 19 век. Позначајни фрески се „Богородица Ширшаја", „Поклонение на тројцата мудреци пред Младенецот Христос", „Сретение Господово", „Патот кон Голгота" и др.[2]
↑[Смиљка] (2017). Челопек. Црква Св. Николе (XIV и XIX век). Монографије 12. Филозофски факултет, Универзитет у Београду. ISBN978-86-6427-059-5. Проверете ја вредноста |authorlink= (help); Проверете ја вредноста |authorlink= (help)