Црква „Св. Богородица“ - Теарце
Света Богородица попозната како Богородица Ќелије — црква посветена на Успението на Пресвета Богородица во тетовското село Теарце. Црквата се наоѓа над селото во местото викано Ќелија (Ќелије) - Градиште. Според сочуваните ѕидини и преданието тука се наоѓала старата црква Св. Богородица која сега е во урнатини . По ова предание археологот Блага Алексова во 1954 година извршила археолошко истражување и открила дека црквата е еднокорабна. Од пронајдената мермерна плоча во 1975 година се дознало дека црквата е изградена во периодот помеѓу 1618-1622 година. Жителите на село Теарце во 1975 година врз дел од темелите на старата црква, изградиле мала црквичка и до денешен ден во чест на празникот Голема Богородица на 27 и 28 август приредуваат вечера за присутните гости коишто доаѓаат од околните села на Полог и иселените теарчани од САД, Австралија и Европа.[1] ИсторијаСпоред досега пронајдените артефакти и според градбите околу црквата на таа месност се наоѓала средновековна населба од словенскиот период. На местото Ќелие кое се наоѓа на еден километар оддалечено од селото до 70те години на XX век биле забележливи темели од некогашна црква посветена на „Успение на Пресвета Богородица“.На иницијатива на жителите од истото село во 1975 година се започнало со изградба на истоимената црква. При ископувањето на темелите пронајден е камен натпис кој гласи:
Денес каменот се наоѓа во Заводот за културно-историски споменици на Македонија. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia