Населбата се наоѓа во јужниот дел на територијата на Прилепското Поле, во рамките на Општината Прилеп. Селото лежи на надморска височина од 670 метри. Тоа е сместено непосредно до патот Прилеп - Битола, кој што води преку средината на неговиот атар. Од централното место Прилеп населбата е оддалечена 11 км.
Атарот зафаќа простор од 11,7 км2. Обработливото земјиште зазема површина од 700,4 ха, на пасиштата отпаѓаат 403,7 ха, а на шумите само 4,8 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Алинци е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 17 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Бројот на населението се намалил и тоа од 449 жители во 1961 година, на 281 жители во 1994 година, така што денес населбата прет- ставува мало село, населено со македонско население.
Според пописот од 2002 година, во селото Алинци живеат 238 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 171 жител, од кои 161 Македонец, 1 Албанец и 9 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Алинци е македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.
Родови во Алинци се:
Доселеници:Станковци (5 куќи) доселени се од Дрен во Раец; Николовци или Лулевци (12 куќи) доселени се однекаде; Вишиновци (5 куќи) доселени се од селото Беровци; Головодци (5 куќи) доселени се од селото Света во Железник. Таму имале истоимени роднини; Муловци (4 куќи) доселени се од Кадино Село, и таму се доселени однекаде; Секуловци (5 куќи) доселени се од Марул, пред тоа живееле во Бонче, таму им се род Стојковци; Милошевци (1 куќа) доселени се од Веселчани. И таму биле доселени однекаде; Црневци (2 куќи) доселени се од Големо Коњари, таму имаат роднини, и таму се доселени однекаде.[13]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1506 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Беровци и Јаричевци се иселени во Беровци. Муртановци иселени се во Ношпал. Од родовите Станковци, Секуловци и Јаричевци има по едно семејство иселено во Прилеп.[13]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN978-608-65143-2-7.