Волково Село е сместено во јужниот дел на Република Македонија. Од Прилеп селото е оддалечено 6 км јужно. Волково Село се наоѓа на источниот обод на Пелагонија. Селото е сместено на североисточните падини на Селечка Планина. Надморската висина на селото е приближно 780 метри. Климата во селото е планинска заради нагласената надморска висина.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Влаково е претставено како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 14 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Волково живеат 42 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 33 Македонци и 1 Албанец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Волково е македонско православно село, сите родови во селото се доселнички.
Родови во Волково се:
Доселеници: Дурлевци (13 куќи) од Мало Рувци прешле во Чумово, а од таму во Волково. Во Чумово нивни роднини се Батковци, го знаат следното родословие: Лазар (жив на 41 г. во 1954 година) Ордан-Ристе-Јосиф-Митре, кој се доселил; Мрсевци (4 куќи) доселени се после родот Дурлевци исто така од Чумово; Пашаќулевци (2 куќи) за нив се вели дека шетале насекаде (Небрегово, Дреново, Прилеп) овде дошол предокот Ристе во 1900 година; Томевци (1 куќа) доселени се од селото Галичани, во Галичани и Беровци имаат истоимени роднини; Деловци (3 куќи) доселени се од Прилепец во 1910 година. Таму имаат истоимени роднини.[11]
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Од родот Мрсевци има иселеници во Прилеп (две семејства). Од родот Дурлевци има иселеници во Лагово и Прилеп. Дурлевци се иселени во Старо Лагово. Родот Чурлиновци е изумрен, биле доселени однекаде.[11]