За време на Отоманското Царство, Кадино Село му припаѓало на некој прилепски кадија, по што го добило и името.[2] Турците го нарекувале Кади-ќој. Во XIX век, Кадино Село било село во Прилепската каза на Отоманското Царство. На 24 март 1902 година, охридскиот војвода Методија Патче при престојот во Кадино Село ќе биде предаден на властите. Војводата со својата чета која броела седум членови од старата кула во селото се бореле против 500 турски војници. Борбата траела до наредниот ден, а кога им снемало муниција војводата и револуционерите херојски се самоубиле. Кон крајот на турското ропство во Кадино Село биле затекнати осум чифлици, чии сопственици биле: Рашид-бег, Гура-ефенди, Музуровци, Изет-ага, Фаик-паша, Ештреф-ефенди, Алиабовци и Милан Небреклија.[2] По 1912 година повеќето жители ја купиле земјата од чифликсајбиите, а помал дел ја добиле со аграрната реформа.[2]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кадино се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 36 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]
Во 1961 година селото има 564 жители, додека во 1994 година населението се намалило на 314 жители.
Кадино Село е македонско национално село по големина со население и според пописот од 2002 година, има 269 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 237 жители, од кои 224 Македонци, 1 Албанец, 1 Турчин, 1 останат и 10 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Доселеници:Самарџиовци (11 куќи) и Митревци (6 куќи) порано чинеле еден род - Кутловци. Доселени се од некое битолско село, го знаат следното родословие: Велко (жив на 60 г. во 1950-тите) Ѓорге-Илија-Коте, се доселил неговиот татко; Стевчевци (3 куќи) доселени се однекаде; Јовевци (7 куќи) родот го основал Јове, доселени се во првата половина на XIX век од селото Мало Коњари, таму им се род Анѓелевци. Го знаат следното родословие: Диме (жив на 100 г. во 1950-тите) Ристе-Јове, основачот на родот кој дошол. Подалечно потекло овој род има од Албанија; Музуровци (7 куќи) доселени се од селото Утово во Железник, за нив се вели дека се Брсјаци; Ќебаковци (10 куќи), Ѓорчевци (7 куќи) и Врбовци (5 куќи) порано биле еден род - Вршиконоповци, доселени се од некое битолско село; Боневци (3 куќи) и Цветановци (3 куќи) доселени се однекаде; Малкадија (2 куќи) доселени се пред 1912 година од селото Дрен во Тиквеш; Чукале (1 куќа) доселени се пред 1912 од некое соседно село; Черговци (1 куќа) и Мертовци (1 куќа) доселени се од Крушеани. И таму биле доселени однекаде; Парталко (1 куќа) доселени се после 1912 година од Свето Тодори; Мицковци (1 куќа) потекнуваат од домазет доселен од селото Загорани; Чагорци (1 куќа) доселени се од Заполжани после 1918 година, подалечно потекло од селото Чагор.[13]
Општествени установи
Мажи од Кадино Село во народни носии, почеток на XX век
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1449 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Ангелевци иселени се во Мало Коњари. Бошевци иселени се во Мало Рувци. Муловци иселени се во Алинци. Барлевци и Илијовци иселени се во Галичани. Чапраговци иселени се во Големо Коњари. Има иселеници и во Прилеп. Највеќе иселеници има во Галичани. А народот од Кадино Село, вели дека пола село од Галичани потекнува од Кадино Село.[13]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“