Леништа
Леништа или Лениште — село во Општина Прилеп од збиен тип, се дели на одавде и оданде маало. Се наоѓа североисточно од Прилеп, десно од патот Прилеп-Кавадарци. Од 1912 година за време на Првата балканска војна селото постепено се раселувало, најчесто во Прилеп. Масовно иселување се случило во периодот од 1961 до 1971 година. До селото води асфалтиран пат. Над самото село се наоѓа манастирот „Св. Петка“. Соседни села се селата Плетвар и Селце. Порано на гребенот источно од Леништа имало орман, имало истечни води кои повремено ги движеле селските воденици. Во дворот на манастирот се наоѓаат воденички камења. ИсторијаСпоред едно предание, кое го запишал Марко Цепенков, селото Леништа го добило своето име според ленот кој го сееле жителите.[2] Според преданијата Леништа го основале жителите на соседното раселено село Заполошко пред околу 170 години. Обработливото земјиште на Леништа во поголемиот дел се наоѓа во атарот на тоа раселено село. Во турско обработливата земја претежно им припаѓала на селаните. Во XIX век, Леништа било село во Прилепската каза на Отоманското Царство. Географија и местоположбаЛеништа се наоѓа на Дрен Планина, североисточно од градот Прилеп. ТопонимиДолни мост, Караманица, Врвот, Ливада, Бели камења, Ѓупски преслап, Ѓуле, Устрелец, Манастириште, Илино, Топташ, Ѓогдере, Маркова Чешма, Чумкот, Ралев Камен, Заполшки мост, Пешкојца, Плетварска река, Требеница, Крива Река, Коњарник, Сталеа Пештера, Попова нива, Заволчец, Црквиште, Шаторов Камен, Сарика, Гробот, Бара, Корија, Шута Врба и Мал Дом. Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Леништа живееле 380 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лопатица имало 320 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Леништа се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 53 куќи.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]
На пописот во 1994 биле попишани само двајца жители Македонци, а на пописот од 2002 година во селото Леништа не биле забележани жители.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиЛеништа било чисто македонско православно село, во селото имало и староседелски и доселенички родови. Родови во селото се: Аџијовци (8 куќи), Димовци (6 куќи), Терзиовци (4 куќи), Анѓелевци (4 куќи), Апостоловци (2 куќи) Кочовци (2 куќи), Трајковци (1 куќа), Трпчевци (8 куќи) и Будевци (5 куќи) доселени се од соседното сега раселено село Заплошко, во родот Будевци се знае следното родословие: Ѓоргија (жив на 84 г. во 1950-тите) Петре-Ристе-Јовче-Трпе, предокот кој се доселил; Стојановци (10 куќи), Богојевци (7 куќи), Шишковци (3 куќи) и Митревци (2 куќи) некогаш биле еден род, доселени се од мариовското село Вепрчани; Белушани (11 куќи) доселени се од сега албанското село Белушино кај Крушево, доселени се во 1878 година, дошол Стојче со неговите 5 синови; Домазетовци (1 куќа) најмлад род во селото, потекнуваат од домазет доселен од селото Беловодица.[12] Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1425 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[14] Леништа е едно од трите избирачки места во Македонија со најмал број запишани избирачи само тројца. Дури и тие не живеат во селото, туку во Прилеп[15][16]. Општествени установи![]() ![]()
НастаниСелскиот панаѓур е на Св. Атанас Летен. Акција за пошумување[20]. Личности
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia