Ерековци е рамничарско село на надморска височна од 660 метри, недалеку од Бакарно Гумно. Се наоѓа во крајниот јужен дел од Прилепско Поле. Од градот Прилеп селото е оддалечено 22 километри. Во Ерековци работат основно училиште до IV одделение и 4 прехранбени продавници.
Историја
Пред доаѓањето на Турците селото се нарекувало Сливово,(Слива = Ерек тур.)
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ерековци се води како мешано македонско-турско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[4]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Ерековци живееле 554 жители, од кои 425 Турци и 129 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 г. во Ерековци живеат 385 жители. Од нив 382 биле Македонци, 1 Србин и 2 останати.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 217 жители, од кои 197 Македонци, 3 Турци, 1 Србин, 1 Бошњак, 3 останати и 12 лица без податоци.[8]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
Лица без под.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
881
1953
266
—
736
1
—
—
...
—
—
1.003
1961
698
—
89
...
...
1
...
1
—
789
1971
624
1
16
—
...
2
...
—
—
643
1981
677
—
7
—
—
—
...
—
—
684
1991
556
—
5
—
—
—
...
—
—
561
1994
450
—
4
—
—
—
...
1
—
455
2002
382
—
—
—
—
1
—
2
—
385
2021
197
—
3
—
—
1
1
3
12
217
Родови
Ерековци е македонско село, додека во минатото во селото имало и Турци.
Турски родови во селото биле:
Доселеници:Гомарлар (10 к.), Сирвилер (8 к.), Љамелер (7 к.), Тиролар (6 к.), Голи Мутолар (6 к.), Палалар (7 к.), Крџелер (13 к.), Кара-Асанлар (13 к.), Амзалар (6 к.) и Ганиалар (5 к.) овие родови воглавно дошле во исто време, тоа било во втората половина на XVIII век. Во родот Палалар се знае следното родословие: Селман (жив на 72 г. во 1950-тите) Рамадан-Суљман (наречен Палалар) -Селман-Абаз.
Македонски родови:
Доселеници:Вршковци (12 к.) овде живееле и пред 1912 година, доселени се од селото Штавица, подалечно потекло од селото Кален во Мариово; Од 1912 до 1940 се доселиле родовите; Марковци (3 к.) доселени се од селото Лознани; Карабелевци (1 к.) доселени се од селото Новоселани; Шестаковци (2 к.) и Кромидовци (1 к.) доселени се од селото Боротино; Николевци (2 к.) доселени се од селото Вирово во Железник; Китановци (3 к.), Бошевци (2 к.) и Јошевци (2 к.) доселени се од селото Лознани; Дојчиновци (4 к.) и Наумчевци (3 к.) доселени се од селото Чепигово; Мицковци (5 к.) и Сиџимовци (1 к.) доселени се од селото Шелеверци; Стојковци (1 к.) доселени се од селото Веселчани; Годините 1955 и 1956 на имотите на иселените турски родови населени се Македонци од Караорманските села (10 к.), Струшко (10 к.), Кичевско (5 к.) и Мариово (5 к.).[10]
Општествени установи
Основно училиште Кирил и Методиј, до IV одделение.
Во селото функционира и Месна Заедница, со цел подобрување на животните услови во селото.
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1495 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на просторија на мз.[11]
Село Ерековци го слави како селска слава големиот Христијански празник Велигден.
По повод Христијанскиот празник Водици,традиционално секоја година селото организира собир во Црковниот Храм -Воскресение Христово-,
проследено со фрлање на крст во базенот на Црквата.
Култура и спорт
Од спортот во Ерековци,постарите генерации го паметат фудбалскиот клуб Стрела.
За жал тој клуб повеќе не постои.Во селото долги години опстојувало и Културно Уметничко Друштво.
Иселеништво
Во последно време селото почнува демографски да изумира. Тоа се должи на емиграцијата село-град т.е. и така малиот број на младо население во потрага за подобар живот заминуваат во Прилеп, Битола, а нечесто и во Скопје. Заради малиот број на ученици селското училиште може наскоро да биде затворено.
Од село Ерековци постојат голем број на иселеници во Австралија,САД,Германија,Швајцарија,Франција,Австрија,Србија и др.
Турското население од ова село е иселено во Турција.[10]
↑Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 267.
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.