Селото Загорани се наоѓа во Прилепско Поле, во областа Пелагонија, оддалечено 17 километри југозападно од градот Прилеп, во близина на делницата Битола-Скопје. Селото се наоѓа на граница меѓу возвишението Шипковица на југоисток и низински дел на северозапад. Околни населби се Веселчани, Чепигово, Тројкрсти и др. Куќите се групирани во три маала: Горно, Црквенско и Долно.
Историја
Подрчајето на Загорани е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Тумба на височинка недалеку од селото.[2]
Не се знае точно кога е формирано денешното село Загорани. За најстар род во селото се сметаат Мицковци кои се делат на: Дамчевци, Митковци, Гугутковци и Станковци.[3] За време на турското ропство половина од атарот со најдобра земја била чифлишка. Сопственици биле: Мустафа-бег од Битола, Ариф Афуз, Чатал и Имер Манче од Прилеп, Јашар и Салија од Трновци.[3] Другата половина од земјата припаѓала на жителите. По 1912 година жителите ја откупиле чифликсајбиската земја, а некои ја добиле со аграрната реформа.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Загорани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 18 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година селото Загорани брои 108 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 102 жители, од кои 100 Македонци и 2 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Загорани е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
Родови во Загорани се:
Староседелци:Мицковци (24 куќи) се делат на Дамчевци, Митковци, Гугутковци и Станковци. старото презиме им е Славковци по најстариот познат предок. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 65 г. во 1951 година) Тасе-Стојан-Васил-Мицко-Славко.
Доселеници:Јанчевци (6 куќи) потеклото им е од селото Тополчани, а некое време живееле и во Канатларци и Веселчани, во Тополчани им се род Коруновци и Трпковци; Ризовци (6 куќи) доселени се од Тополчани; Филиповци (5 куќи) потекнуваат од домазет кој дошол однекаде, и влегол во родот Мицковци; Брсјаковци (2 куќи) доселени се од некое село во Железник; Бозовци (6 куќи) доселени се од Боротино, пред тоа живееле и на други места; Јанкуловци (2 куќи) доселени се во 1903 година од селото Врбјани, таму се викале Божиновци, и имаат роднини доселени од Кореница; Ѕвездаковци (2 куќи) доселени се однекаде; Ѓоковци (5 куќи) доселени се однекаде за време турско.[3]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1502 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
Црква Латинска — осамени наоди од римско време и средновековна црква
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Пилковци, Кадинци и Дамевци иселени се во Пашино Рувци. Ѕвездаковци иселени се во Кореница. Лозановци иселени се во Бучин. Мицковци иселени се во Кадино Село. Џанговци и Брсјаковци иселени се во Боротино.[3]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“