Споменик во Прилепец посветен на деветтемина борци од партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ кои на 19 декември 1942 година откако беа предадени загинаа во борба против бугарската војска и полиција
На 20 декември 1942 година во Прилепец бил опколен и разбиен партизанскиот одред „Ѓорче Петров“ од страна на бугарската војска. Во борбата загинале Стеван Базеркоски - Лански, Борка Спасески-Влачарот, Стеван Димески, Димче Мирчески, Гога Јанкуловски, Пројче Најдоски-Сокле, Бошко Јосифовски и Менде Бошкоски, а Киро Фетак бил фатен и одведен во касарната во Прилеп, каде подоцна бил сурово мачен и убиен.
Жени перат на изворите до с. Прилепец, за време на Првата светска војна, 1918 година
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Прилепец е претставен како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 22 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Прилепец живеат 9 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Староседелци или со непознато потекло:Ѓондевци (1 куќа) они се многу стар род, возможно е да се староседелци.
Доселеници:Вишиновци (13 куќи) доселени се од селото Мало Илино во Железник. Од таму избегале „од албанците“. го знаат следното родословие: Наум (жив на 73 г. во 1954 година) Тасе-Наум-Кочо-Вишин, предокот кој се доселил во селото, тоа било почетокот на XIX век; Џамеровци (9 куќи) доселени се од Дебарско. Во местото на старина Турци сакале да им земат некоја девојка и затоа избегале, најпрво во Лагово па во Волково и на крај во Прилепец, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 82 г. во 1954 година) Богоја-Митре, се доселил неговиот татко; Милошевци (5 куќи) и они се доселени од дебарска страна.[11]
Општествени установи
Стара куќа во Прилепец
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1437 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[12]