Мало Рувци
Мало Рувци — село во областа Пелагонија, во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп. Географија и местоположбаСелото лежи на граница на брдско земјиште на југ и рамно земјиште на север, низ него минува делницата Прилеп - Битола. Околни населби се Штавица, Алинци, Чумово и Шелеверци. Во Мало Рувци постојат две послаби чешми и неколку бунари. Потезите во селото се викаат : Штавички пат, Голема нива, Лозја, Комарчани, Мечоец, Цуцулина, Голема ливада, и Барутчица. Селото е од збиен тип . Група куќи се викаат по главните родови – Чакмаковци, Карбевци, Бошовци итн. Мало Рувци имало вкупно 49 домаќинства (1955 г. )[2] и една црква. ИсторијаНад селото во лозјата е местото Барутчица. Таму селаните орале гробови за кои не се знае од кој век се. На поедини гробови порано постоеле камени плочи. Во Мало Рувци има црква на Св. Спас, изградена пред околу 65 години. До тогаш тука постоела стара проста црква. Селската слава е на Спасовден. Покрај црквата се селските гробишта. Во ова село живеат доселени македонски родови. Најпрво се анселиле Џајковци и Мустревци, во првата половина на XIX век. За време на Турците сите жители биле „ортаци и момоци“ на читлуците. Годината 1912 селото имало 12 македонски куќи и 12 турски читлуци. Газдите на читлуците живееле во Битола. Само еден живеел во Прилеп. После 1912 г. секое домаќинство ја купило земјата на оној читлук на кој работело. Затоа измеѓу двете светск ивојни секој од селаните имамл доста своја земја. Меѓутоа од пед неколку години „баш полето“ го зело државното добро „Мирче Ацев“. Бројот на домаќинства во селото изнесувал: 1921 г. – 17, 1948 г. – 42, 1961 г. – 52, 1971 г. – 53.[2] Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мало Рувци живееле 220 жители, сите Македонци.[3] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[5] Според пописот од 2002 година, селото Мало Рувци има 22 жители, сите Македонци.[2][6] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци. Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМало Рувци е македонско село. Според истражувањата од 1955 година, родови во селото се:
Самоуправа и политикаИзбирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1436 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[11] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[12] Личности
ИселеништвоОд денешниот род Мустревци, има иселеници во соседно Чумово. Таму се викаат Батковци (6к.) Дурлевци се иселиле во Волково (13к.). Други иселеници од родот Чакмаковци живеат во Скопје.[2] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia