Жорес Алферов
Жорес Иванович Алферов (на руски: Жоре́с Ива́нович Алфёров; 15 март 1930 — 1 март 2019) — белоруски, советски и руски физичар и академик кој има значителен придонес во создавањето на модерната хетороструктурна физика и електроника. Тој е пронаоѓач на хетеротранзисторот и добитник на Нобеловата награда за физика. Тој е исто така и руски политичар кој бил член на Рускиот парламент, Државната дума, уште од 1995 г. После тоа, тој станал еден од највлијателните членови на Комунистичката партија на Руската Федерација. Раѓање и образованиеАлферов е роден во Витебск, Белоруска ССР, Советски Сојуз, од татко Белорусин, Иван Карпович Алферов, кој бил раководител на фабрика, и од мајка Еврејка, Ана Владимировна. Жорес го добил името по францускиот социјалист Жан Жорес (Jean Jaurès) додека неговиот постар брат, Маркс го добил своето име по Карл Маркс. Во 1947 г. завршил средно училиште во Минск и се запишал на Белорускиот технички факултет. Во 1952 г. дипломирал на Електротехничкиот институт во Ленинград. Од 1953 г. работел во Физичко-техничкиот институт на Академијата на науки на СССР. Од институтот добил неколку дипломи: Член на Технолошките науки во 1961 г. и доктор на науки по физика и математика во 1970 г. Бил директор на институтот уште од 1987 г. Бил избран како член на Академијата на науки на СССР во 1972 г. и како редовен член во 1979 г. Од 1989 г. тој е заменик-претседател на Академијата на науки во СССР и претседател на Научниот центар во Санкт Петербург. Од 1995 г. член е на Државната дума и е на списокот на Комунистичката партија на Руската Федерација. Во 2000 г. ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Херберт Кромер за „развој на полуспроводнички хетероструктури користени во оптоелектрониката“. Алферов го измислил хетеротранзисторот кој се справувал со повисоки честоти за разлика од своите претходници, и ги револуционирал мобилните телефони и сателитските комуникации. Алферов и Кромер самостојно ја примениле оваа технологија за употреба на ласерски зраци. За возврат се револуционирал полуспроводничкиот дизајн во голем број на области, вклучувајќи ги и светлечките диоди, читачите на баркодови и компактните дискови. Херман Гримес од Кралската академија на науките којашто доделува Нобелови награди, изјавил: Без Алферов не би било возможно да се префрлаат информациите од сателитите кон Земјата или да се има толку многу телефонски линии меѓу градовите."[1] Истражувачка областУште од 1962 година работел во областа на полуспроводнички хетероструктури. Неговите придонеси во физиката и технологијата на полуспроводнички хетероструктури, а особено истражувањата на инјектирање на својства, развојот на ласери, сончеви ќелии, светлечки диоди и епитаксични процеси довеле до создавање на модерната хетероструктурна физика и електроника. Тој има речиси месијанска концепција за хетероструктурите, велејќи: „Многу научници придонеле на овој извонреден напредок, кој не само што ја одредува иднината на физиката на тврди тела во огромна мера, туку и во одредена смисла влијае врз иднината на човековата заедница.“[2] Политичка активност![]() Алферов беше избран за член на Рускиот парламент, Државната дума во 1995 година како пратеник на политичката партија „Нашиот дом е Русија“, и се сметал за поддржувач на политиката на претседателот Борис Елцин. Во 1999 година тој повторно бил избран, само сега на списокот на Комунистичката партија на Руската Федерација. Тој бил повторно избран во 2003 и во 2007 година, кога бил поставен на второ место на федералната изборна список на партијата, зад Генадиј Зјуганов и пред Николај Каритонов, иако тој не бил член на партијата. Тој бил еден од потписниците на отвореното писмо до претседателот Владимир Путин од членовите на Руската академија на науки. Непрофитни услугиАлферов служи на советодавниот совет на Цивилното истражување и Фондацијата за развој на САД.[3] Награди![]()
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia