Јоханес Штарк
Јоханес Штарк (15 април 1874 - 21 јуни 1957) — германски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика,и бил тесно поврзан со движењето „Германска физика“ а време на националсоцијалистите. ЖивотописДетствоРоден во Шикенхов,Кралството на Баварија(сегашен Фреихунг),Штарк се школувал во гимназијата Бејрут,а подоцна во Регенсбург. Неговото факултетско образование започнало на Минхенскиот Универзитет,каде што студирал физика,математика,хемија и кристалографија.Тој започнал со учење во тој факултет започнал во 1894;дипломирал во 1897,со својот докторат под наслов (особени оптички својства на саѓи)[1] КариераШтарк работел на разни позиции на физичкиот институт на неговиот алма матер сè до 1900,кога станал неплатен предавач на Готингеновиот Универзитет.Извонреден професор во Хановер од 1906,во 1908 стана професор на Ацхеновиот универзитет.Тој работел и истражувал во физичкиот оддел на некои универзитети,вклучувајќи го и Греифсвалдовиот универзитет,се до 1922.Во 1919,ја освоил Нобеловата награда за физика за неговото „Откривање на Доплеровиот ефект кај каналните зраци и поделба на спектралните линии во електричните полиња” (познат како Штарк ефект).Од 1933 сè до неговото пензионирање во 1939,Штарк бил избран за претседател на Физичко Техничката Школа,додека исто така бил претседател и на Германската фондација за истражување.Штарк беше тој што како уредник на (-),побарал во 1907, тогаш сѐ уште непознатиот,Алберт Ајнштајн да напише прегледна статија за принципот на релативноста.Штарк бил импресиониран од релативноста и претходната работа на Ајнштајн каде што тој цитирал “Принципот на релативноста од страна на Х.А Лоренц и А.Ајнштајн” и “Планковата врска "M0 = E0/c2" во 1907 се нашла во Физичкиот весник[2] ,каде што ја користел равенката e0 = m0c2 за да пресмета "елементарен атом на енергија,т.е. количината на енергија кои се однесуваат на масата на еден електрон на одмор.Додека работел на својата статија[3],Ајнштајн започнал со линија на мисли кои на крајот ќе доведат до неговата општа теорија за релативноста,кој пак станал(по неговото потврдување) почетокот на Ајнштајновата светска слава.Иронично,дадена е Штарковата подоцнежна работа како анти-Ајнштајн и анти-релативистички пропагандист во Германското физичко движење.[4] Штарк објавил повеќе од 300 трудови,главно во врска со електричната енергија и други такви теми.Тој добил бројни награди,вклучувајќи ја и Нобеловата награда,Баумгартнеровата награда од Виенската Академија на Науките(1910),Валбруховата награда од Готингенската Академија на Науките(1914),како и Матеучи медал од Римската Академија.Веројатно негов најдобро познат придонес во полето на физиката е Штарк ефектот,кој го открил во 1913. Се оженил со Луис Еплер,и тие имале 5 деца.Негови хобиа биле одгледување на овошни дрва и шумарство.Работел во својата приватна лабораторија на неговата земја во Горна Баварија,после војната.Таму тој го проучувал отклонување на светлина во електрично поле.[5] Поврзаност со Националсоцијализмот![]() За време на националсоцијализмот, Штарк се обидел да стане фирер за германска физика преку здружението на германските физичари (заедно со Филип Ленард) негирајќи ја еврејската физика на Алберт Ајнштајн и Вернер Хајзенберг (кој не бил Евреин). Откако Вернер Хајзенберг застанал во одбрана на теоријата за релативноста, Штарк во лутина напишал статија во весникот SS со наслов Црниот корпус, Das Schwarze Korps нарекувајќи го Хајзенберг „бел евреин“. На 21 август 1934 Штарк му пишал на физичарот и добитник на Нобелова награда за физика Макс фон Лауе да ја смени партиската линија или ќе има последици. Писмото било потпишано со „Хајл Хитлер“.[6] Во својата книга којашто ја издал во 1934 наречена „Националсоцијализмот и физиката“, Штарк тврдел дека приоритет на научникот е да му служи на народот, важни полиња на истажување биле оние кои можат да помогнат во производството на германското оружје и индустријата. Тој ја нападнал теоретската физика како „еврејска“ и истакнал дека научните работни места во Третиот Рајх треба да бидат во рацете на чистокрвни Германци. Во 1947, по поразот на Германија во втората светска војна, Штарк е прогласен за „сторител на тешки дела“ и добил затворска казна со должина од 4 години (подоцна повлечени) од судот за денацификација. Објавени дела
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia