Вилјам Алфред Фаулер
Вилјам Алфред Фаулер (англиски: William Alfred Fowler 9 август 1911 — 14 март 1995) — американски јадрен физичар, подоцна астрофизичар, кој заедно со Субраманијан Чандрасекар ја добил Нобеловата награда за физика во 1983 година. ЖивотописРоден во Питсбург, Ренсилванија,на возраст од две години Фаулер се преселил со своето семејство во Лима, Охајо, градот на парната железница. Тој дипломирал на Охајскиот државен универзитет, каде бил член на братството Тау Капа Епсилон, додека пак докторатот за јадрена физика го стекнал на Калтех. Иако бил експериментален јадрен физичар, Фаулеовиот најпознат труд бил „Создавање на елементите во ѕвездите“, каде соавтори му биле Маргарет Бербриџ, Џефри Бербиџ и Фред Хојл, објавен во 1957 година под групно раководство на Фред Хојл, осмислувачот на таа теорија за природната историја на постоечките хемиски елементи.[1] Во трудот се категоризирани нуклераните процеси за потеклото на се освен на најлесните хемиски елементи во ѕвездите. Овој труд е познат како B2FH труд. Фаулеровата кариера направила од него познат јадрен физичар. Тој го наследил Чарлс Кристијан Лористен како директор на Келоговата радијациона лабораторија при Калтех, за подовна негов наследник да стане Стивен Кунин. Фаулер бил награден со Националниот медал за наука од страна на претседателот Џералд Форд [2] It is the highest national honor in science that an American can receive. Фаулер го освоиил и Раселовата награда од Американското астрономско друштво во 1963 година, Ветлесеновата награда во 1973 година, Едингтоновиот медал во 1978 година, Брусовиот медал во 1979 година и Нобеловата награда за физика во 1983 година за неговите теоретски и експериментални проучувања на јадрените реакции од важност за создавањето на хемиските елементи во универзумот и истата ја поделил со Субраманијан Чандрасекар. Доживотен вљубеник во парните локомотиви, тој поседувал неколку возни модели од различни големина од кои една е прикажана на сликата тука.[3] Тој починал во Пасадена, Калифорнија. Објавени дела
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia