Рејмонд Дејвис
Рејмонд Дејвис (англиски: Raymond Davis 14 октомври 1914 – 31 мај 2006) — американски хемичар, физичар, и добитник на Нобелова награда за физика .[3] Малдост и обазованиеДејвис се родил во Вашингтон, каде неговиот татко бил фотограф за Националното биро за стандарди. Тој поминал неколку години како хорист за да ја исполни желбата на својата мајка, иако не бил музикален. Тој уживал да ги посетува концертите кај Вотергејт пред воздушниот сообраќај целосно да ја задуши музиката од истите. Неговиот брат Ворен, кој бил 14 месеци помлад, му бил постојан придружник во детството. Тој завршил хемија на Мерилендскиот универзитет во 1938 година. Тој исто така магистрирал на истиот универзитет и се стекнал со докторат од универзитетот Јејл по физчка хемија во 1942 година. КарирераДејвис поголемиот дел од воените години ги минал на воениот полигон Дагвеј, Јута набљудувајќи ги резултатите од тестовите на хемиските оружја и ја истражувал езерската котлина во потрага за докази за претходното, Боневилско Езеро. По неговиот отпуст од армијата во 1946 година, Дејвис заминал да работи за монсантовата маундовска лабораторија, во Мајамисбург, Охајо, каде работел на применета радиохемија област од интерес за Атомскаta енергетска комисија на САД. Во 1948 година, тој се придружил на Брукхејвенската национална лабораторија, која била искористена за употреба на јадрената енергија во мирнодопски цели. Дејвид изјавил дека од него било побарано „да најде нешто интересно на што би работел,“па така тој се посветил на изучувањето на неутрината, честички за кои се предвидело дека ќе го објаснат процесот на бета-распад,но нивното независно постоење никогаш не било потврдено. Дејвис истражувал бета-распади во обид да ги забележи неутрината, процес во кој неутриното доведува доволно енергија до јадрото за одредени стабилни изотопи да постанат радиоактивни. Бидејќи чекорот на овој процес е многу мал, бројот на радиоактивни атоми создадени при неутринските опити бил многу мал, па Дејвис започнал да ги истражува процесите , наместо самиот бета-распад кој би го имитирале сигналот на неутрината. Користејќи буриња и резервоари исполнети со јаглероден тетрахлорид како детектори, Дејвис успеал да го определи чекорот на добивањето на 37Ar како функција од присуството на истиот на надморската висина и функцијата на неговото присуство во земјата. Тој искористил детектор кој содржел хлоридски атоми при Брукхејвенскиот реактор во 1954 година и подоцна при едне од реакторите кај реката Савана. Овие експерименти не обезбедиле дополнителен број на радиоактивен аргон кога ректорите работеле кга реакторите биле исклучени, и ова било земено како прв опитен доказ дека неутрината ја предизвикуваат хлорската реакција, и антинеутрината добиени во ракторот биле сосема поинакви. Забележувањето на неутрината се покажало како доста потешка задачао отколку што било детектирњето на антинеутрината. Дејвис бил водечки научник кој застанал зад Хомстејк, големиот радиохемиски детектор на неутрина кој прв забележал докази за неутрина кој потекнувале од Сонцето. Тој ја поделил Нобеловата награда за физика во 2002 година со јапонскиот физичар Масатоши Кошиба и американецот Рикардо Џакони за пионерските придонеси во астрофизиката, особено при забележувањето на неутрината, разгледувајќи го сончевиот неутрински проблем. Тој имал 88 години кога ја добил наградата. Личен животДејвис ја сретнал својата сопруга Ана Тори во Брукхејвен и заедно направиле 7 метарски дрвен едреник, наречен Халцион. Тие имале пет деца и живееле во истата куќа во Блу Поинт, Њујорк преку 50 години. Тој починал во Блу Поинт, Њујорк од Алцхајмерова болест.[1][2] Почести и награди![]()
Забележителни трудови
Други дела
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia