Неговта работа помогнала да се потврди теоријата за Големата експлозија за настанокот на универзумот. Според комисијата за доделување на Нобеловата награда, „проектот COBE може да се смета за почетна точка за космологијата како прецизна наука.“[1]
Мадер е постар астрофизичар при НАСА во Годардовиот центар за вселенски лет (GSFC) во Мериленд и професор по физика на Мерилендскиот универзитет. Во 2007 година, Мадер бил на списокот на 100-те највлијателни луѓе во светот според списанието Time. Во октомври 2012 година, тој бил повторно на списокот на Time во специјалниот број за новите вселенски откритија и како еден од 25 највлијателни луѓе во оваа област.
Мадер е исто така проектен научник за Веб, вселенски телескоп кој треба да бисе лансиран во вселената во L2 не порано од 2018 година.
Mather, J. C.;Boslough, John; првиот лет; 1996,2008
Наводи
↑The Royal Swedish Academy of Sciences (3 октомври 2006). "The Nobel Prize in Physics 2006". Соопштение за печат. посет. 5 октомври 2006 г
↑John C. Mather autobiographyАрхивирано на 14 јули 2008 г., Nobel Prize. Accessed June 29, 2008. "When I finished 8th grade, it was time to go to high school, and my parents decided to send me to Newton High School, where they thought we would get the best available education in our area."