Роберт Лафлин
Роберт Бетс Лафлин (англиски: Robert Betts Laughlin 1 ноември 1950) — професор по физика[1] и применета физика на Ана Т. и Роберт Бас во Стенфордскиот универзитет. Заедно со Хорст Лудвиг Штермер од Колумбискиот универзитет и Даниел Цуј од Принстонскиот универзитет, ја споделиле Нобеловата награда за физика во 1998 за нивното објаснување на Холовиот дробен квантен ефект. ЖивотописЛафлин се родил во Вајсејлија, Калифорнија, САД. Тој ги завршил додипломските студии по математика во Калифорнискиот универзитет во 1972, а неговиот докторат по физика во 1979 во Масачусетскиот институт за технологија во САД. Помеѓу 2004 и 2006 работел како претседател во јавниот истражен универзитет "KAIST" во Теџон, Јужна Кореја. Лафлин има слично гледиште како Џорџ Чаплин, сомневајќи се во постоењето на црните дупки. КариераВо 1983, Лафлин бил првиот кој обезбедил многутелна бранова функција, познато како Лафлинова бранова функција, за Холовиот дробен квантен ефект, со способност точно да го објасни разделениот полнеж набљудуван во експериментите. Оттогаш оваа состојба е позната како Бозе-Ајштајнова распределба.[2] Гледиште за климатските промениГледиштето на Лафлин за климатската промена е тоа дека можеби е важна, но невозможно е да се промени иднината. Тој напишал „Геолошката евиденција покажува дека климата не треба премногу да се однесува на нас кога сме свртени кон енергетската иднина, не затоа што тоа е неважно, но бидејќи тоа е надвор од нашата моќ за контрола“.[3] Награди
Објавени дела![]() Лафлин објавил книга насловена "A Different Universe: Reinventing Physics from the Bottom Down" (Различен универзум: Преизмислување на физиката од дното) во 2005. Во книгата станува збор за појавата како замена за редукционизмот, како додаток на општите коментирања за најважните теми.
Наводи
Надворешни врски![]() Викицитат има збирка цитати поврзани со:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia