Макото Кобајаши
Макото Кобајаши (јапонски: 小林誠, р. 7 април 1944 во Нагоја, Јапонија) — јапонски физичар познат по неговата работа на нарушувањето на CP симетријата и бил награден со една четвртина од 2008 Нобеловата награда за физика во 2008 година „за откривањето на потеклото на нарушената симетрија која го предвидува постоењето на најмалку три семејства на кваркови во природата.“[3] ЖивотописПо добивањето на својот докторат на Нагојскиот универзитет во 1972 година, Кобајаши работел како помошник истражувач за елементарните честички при Кјотскиот универзитет. Заедно, со својот колега Тошихиде Маскава, работеле на објаснувањето на нарушувањето на CP симетријата во стандардниот модел на физиката на елементарните честички. Кобајаши и Маскавината теорија морала да има најмалку три семејства на каваркови, предвидување кое е потврдено експериментално четири години подоцна со откривањето на длабинскиот кварк. Кобајаши и Маскавовиот натпис, „Нарушување на CP-симетријата во ренормализационата теорија на слабото заемодејство“,[4] објавен во 1973 година, и е четврт најнаведуван високоенергетски физички труд на сите времиња од почетокот на 2010 година.[5] ККМ-матрица, која ги определува мешачките параметри меѓу кварковите е резултат на овој труд. Кобајаши Маскава биле наградени со половина од Нобеловата награда за физика за својата работа во 2008 година, додека остатокот му бил доделен на Јојчиро Намбу.[3] Академска кариера
Почести
Личен животКобајаши се родил и образувал во Нагоја, Јапонија. Се оженил со Сахико Еномото во 1975 година, и имаат син Јуничиро. Посметта на неговата прва жена, Кобајаши се оженил со Емико Накајама во 1990 година и имаат ќерка Јука.[6] Поврзано![]() Викицитат има збирка цитати поврзани со: Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia