Вилијам Даниел Филипс
Вилијам Даниел Филипс (англиски: William Daniel Phillips 5 ноември 1948) — американски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика во 1997, која ја споделил со Стивен Чу и Клод Коен Тануџи. ЖивотописФилипс се родил како син на Вилијам Корнелиј Филипс и Мери Кетрин Савино. Тој има италијанско и велшко потекло.[1] Неговите родители се преселиле во Камп Хил (близу Харисбург (Пенсилванија)) во 1959, каде посетувал средно училиште и се спремал за дипломските испити. Тој дипломирал во колеџот "Juniata" во 1970. Потоа тој го добил неговиот докторат по физика од Масачусетскиот институт за технологија. Во 1978, станал член на Националниот институт за наука и технологија. Во 1996, го добил Мајкелсоновиот медал од Франклиновиот институт.[2] Филипсовата докторска теза се однесувала на магнетниот момент на протонот H2O. Ова водело до врската која подоцна би била важна во неговото истражување. Тој подоцна работел со Босе-Ајнштајновите кондензати. Во 1997 ја добил Нобеловата награда за физика (заедно со Клод Коен Тануџи и Стивен Чу) за нивниот придонес околу ласерското ладење (пред сè за нивниот пронајдок на Земановиот успорувач), техника која го успорува движењето на гасовити атоми со цел подобро да може да се проучат, во Националниот институт за стандарди и технологија. Филипс е исто така професор по физика во Мерилендскиот универзитет. Тој бил еден од триесет и петте нобеловци кои потпишале писмо до претседателот Обама за обезбедување на 15 билиони долари на годишно ниво за поддршка на енергетско истражување, технологија и демонстрација.[3] Тој е еден од трите добропознати научници и методисти кои биле замешани во дијалогот за религијата и науката. Другите двајца научници и методисти се хемичарот Чарлс Кулсон и добитникот на Нобеловата награда за физика во 1981, Артур Леонард Шавлов. Во октомври 2010 Филипс учествувал во отворањето на Американскиот научен и инженерски фестивал со програма во која студенти од основно и средно училиште биле дел од неформален разговор со научници кои ја добиле Нобеловата награда.[4] Филипс исто така е член на советодавниот одбор на Американскиот фестивал за наука и инженерство.[5] Личен животФилипс се оженил со Џејн Ван Винен набрзо пред да замине во Масачусетскиот институт за технологија. Во почетокот на нивниот брак тие не ја посетувале многу често црквата. Сеедно, во 1979, тие се придружиле на Евангелско-методистичката црква во Гејтерсбург, Мериленд затоа што тие ја почитувале разновидноста. Тој е основач на Меѓународно друштво за наука и религија на Семрежниот архив (англиски) . Тој и неговата жена имале две ќерки, Кејтлин Филипс (родена на 1979) која била основоположник на "Rebound Designs" и Кристин Филипс (родена на 1979) која работи во научната комуникација. За време на семинар во одделот за хемија и биохемија насловен Кохерентни атоми во решетки, Филипс изјавил: „Рубидиумот е дар од бога за Босе-Ајнштајновите кондензати“. Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia