Клифорд Шал
Клифорд Гленвуд Шал (англиски: Clifford Glenwood Shull 23 септември 1915 — 31 март 2001) — американски физичар и добитник на Нобеловата награда. ЖивотописТој одел во средното училиште во Питсбург, каде добил универзитетска диплома од Карнегискиот институт за технологија, а докторирал во Њујоршкиот универзитет. Тој работел за „Тексас Компани“ во Њујорк, за време на војна, проследено со работно место во Клинтоновата лабораторија, а во 1955 конечно се придружил на Масачусетскиот институт за технологија, кога во 1986 се пензионирал. ИстражувањеКлифорд Шал бил награден со Нобеловата награда за физика во 1994 со Канаѓанецот Бертам Брокхаус.[1] Двајцата ја добиле наградата за развојот на неутронско расејувачката техника. Тој исто така спровел истражување за кондензирани материи. Наградата на професорот Шал му била доделена за неговата пионерска работа со неутронското расејување, техника која открива каде се атомите во материјал како одбиени куршуми каде пречките се во темно. Кога сноп на неутрони е насочен во одреден материјал, неутроните се одбиваат, или се расејуваат, атомите во случајот се истражуваат. Правецот на неутроните се менува, зависно од локацијата на атомите кои ги погодиле, и тогаш дифракцијата на атомските позиции може да се одреди. Сфаќајќи каде се атомите во материјалот и како заемно дејствуваат едни со други е клучно за сфаќањето на својствата на материјалот. Професорот Шал на седумдесет и девет годишна возраст, на денот на доделувањето на Нобеловата награда, тој изјавил:
Тој неговата пинерска работа ја започнал во 1946 во сегапознатата национална лабораторија „Оук Риџ“. На времето тој кажал:
Професорот Шал се здружил со Ернест Вулан и во периодот на следните девет години тие истражувале начини за употреба на неутроните произведени од јадрени реактори за да ја осознаат атомската структура на материјалите. Според впечатокот на професор Шал, најважниот проблем на кој работел е справувањето со одредувањето на позициите на водородните атоми во материјали. Така тој еднаш кажал:
Како што ја усовршил расејувачката техника, професор Шал ги проучувал основните својства на самиот неутрон. Тој исто така го извел првото неутронско расејувачко истражување на магнетни материјали. ... „Ако постои... ’татко на неутронското расејување‘ во САД, тоа е професорот Шал“, напишал Ентони Нуњес..., професор по физика во Род Ајлендскиот универзитет. Професор Шал дошол во Масачусетскиот институт за технологија како постојан професор во 1955 и се пензионирал во 1986, и покрај тоа што продолжил да го посетува и да „гледа преку рамениците“ како студентите прават експерименти во „остатоците од мојата стара истражна лабораторија“. Меѓу поважните награди на Шал се Баклиевата награда, која ја добил од Американското друштво на физичари во 1956, и изборот во Академијата на уметностите и науките на САД (1956) и во Националната академија на науките (1975). Во 1993 тој ја добил Грегори Аминофиевата награда на Кралската шведска академија на науките за неговиот „развој и примена на неутронско дифракционите методи за проучивање на атомските и магнетните структури на цврсти материи“.[1] ПочестиЛични награди и почести на Шал
Печатни изданија во чест на Шал
Награди во чест на Шал
Објавени дела
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia