Рајнер Вајс
Рајнер Вајс (германски: Rainer Weiss); (Берлин, 29 септември 1932) - американски физичар од германско потекло на полето на гравитациската физика и астрофизиката. Во 2017 година ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Кип Торн и Бери Бериш за „решителниот придонес за ЛИГО детекторот и опсервациите на гравитациските бранови“[1][2][3][4]. ЖивотописРајнер Вајс е роден на 29 септември 1932 година во Берлин, Вајмарска Република (денешна Германија) од мајка Гетруда Леснер и татко Фредерик А. Вајс[5][6]. Неговата мајка, христијанка, била глумица[7]. Неговиот татко, физичар, невролог и психоаналитичар бил протеран од Германија од нацистите бидејќи имал еврејско потекло и бил активен член на Комунистичката партија на Германија. Семејството прво побегнало во Прага, а по германската окупација на Чехословачка во 1938 година, во САД[8]. ОбразованиеВајс младоста ја поминал во Њујорк каде го завршил средното образование. Студирал на МТИ, при што изгубил првата година[9] и дипломирал во 1955 година . Таму и докторирал во 1962 година, а ментор му бил Џеролд Захаријас. Награди и почестиМеѓу неговите награди се:
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia