Црква „Св. Димитриј“ - Теарце
Свети Великомаченик Димитриј Солунски претставува најновата црква во тетовското село Теарце. Започната е со изградба во 2000 година, завршена е во краток период, а додека осветена е на 11 октомври 2007[1]. Патрониот празник на црквата се слави на Митровден, секоја година на 8 ноември.[2] ИзградбаВо 2000 година православните верници од село Теарце покренале иницијатива за изградба на меморијален комплекс посветен на македонскиот преродбеник јеромонахот Кирил Пејчиновиќ кој роден во ова село, на старото вакалско место Збирало. Изградбата на црквата започнала на 29 август 2000 година веднаш по празникот Голема Богородица. Со помош на иселените теарчани од градот Детроит - САД црквата била изградена во рекордно време. За време на војната во 2001година била изгорена влезната врата[3], па поради тоа беа прекинати тамошните работи на внатрешното уредување за да продолжи во 2005 и да се изработи фрескоживописот. Настани од 2001И оваа црква како и другите цркви во тетовскиот крај не била поштедена од вандализмот на албанските терористички банди за време на тетовскиот конфликт. Истите тие во 2001 година стрелале со огнено оружје по фасадата на црквата, ја запалиле влезната врата[4] (најверојатно во обид да ја запалат целата црква),го искршиле и одстраниле Светиот Крст којшто се наоѓал во дворот на црквата, ја искршиле и одстраниле бистата на јеромонахот Кирил Пејчиновиќ. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia