Од почетокот на 1903 година бил назначен за војвода на Малотрновскиот револуционерен реон, каде значително придонел за разгранување на револуционерната мрежа и организирањето на бугарското население во Одрин. Во февруари стапил во четата на Михаил Герџиков и учествувал во организирањето на атентатот на железничката линија кај село Синекли, Чаталџански реон.
Крсто Б’лгаријата бил делегат на конгресот на Петрова нива во својство на околиски војвода на Малотрновскиот револуционерен реон.[2] За време на Илинденското востание е војвода во Чокенскиот регион со заменик војвода Петар Чолаков. Во текот на ноќта на 9 август неговата чета од 40 души го напаѓа турското село Хаџиталашман, кое е на само 20 километри од Одрин.
Четниците го нападнале селото од три страни, а во паника голем дел од населението, полициската станица и кавалерискиот гарнизот побегнале во Одрин. Утрото во селото не останал ниту еден Турчин.[3] По востанието, Крсто се префрлил повторно во Македонија како околиски војвода. По востанието тој станал војвода во Кочанско, каде од 1904 година под негово раководство дејствува Цено Куртев.
Во мај 1913 година е унапреден со чин подпоручник. Скоро после тоа заболува од колера и умира. Крсто Б’лгаријата е запаметен како војвода, кој неколкупати особено жестоко претепува [4] или убива [2] невини дејци на организацијата. За тоа е прекоруван и лично од Георги Кондолов. На негово име е крстена улица во град Враца, Бугарија.
Извори
Електронска енциклопедија “Историја на Бугарија”, ИК Труд, Сирма, 2003
Енциклопедија “Бугарија”, том 3, Издателство на БАН, Софија, 1982