Нобеловата награда за физика им се доделува секоја година на научници кои работат на разни полиња од физиката. Таа е една од петте Нобелови награди кои се основани во 1895 година според тестаментот на Алфред Нобел, а ја доделувае Шведската кралска академија на науките за исклучителни придонеси во физиката.[1] Со оглед дека настанала според волјата на Алфред Нобел, со наградата управува Нобеловата фондација, а ја доделува одбор кој се состои од пет члена избрани од страна на Шведската кралска академија на науките.[2] Се доделува во Стокхолм на годишната церемонија на 10 декември, на годишнината од смртта на Алфред Нобел. Секој добитник добива медал, диплома и парична награда која се менувала во текот на годините.[3] Сваки добитник добија медаљу, диплому и новчану награду која се мењала током година.[4]
Статистика
Првата Нобелова награда за физика му била доделена во 1901 године на Вилхелм Конрад Рендген, кој добил 150.782 шведски круни. Џон Бардин е единствениот двократен добитник — 1956 и 1972 године. Марија Кири исто така добила две Нобелови награди, за физика во 1903 и за хемија во 1911 година. Вилијам Лоренс Брег, до октомври 2014 година, бил најмладиот нобеловец, ја освоил наградата во 1915 година, на 25 години. И ден денес е најмлад нобеловец за физика.[5] Само три жени ја добиле оваа награда, и тоа Марија Кири (1903), Марија Геперт-Мајер (1963) и Дона Стрикланд (2018).[6] До 2018 година, 209 лица ја добиле Нобеловата награда за физика.[7]
Наградата не била доделена 6 пати (1916, 1931, 1934, 1940, 1941, 1942). Осум пати доделувањето на наградата било одложено за следната година. Наградата не била доделена во 1917 година бидејќи Нобеловиот одбор за физика одлучил дека таа година ниеден номиниран научник не ги исполнувал потребните критериуми, но во 1918 година му е доделена на Чарлс Гловер Баркла и се сметала за 1917 година.[8] Овој преседан бил повторен и во 1918 година кога му бил доделена на Макс Планк,[9] како и во 1921 година на Алберт Ајнштајн,[10] 1924 година на Мане Сигбан,[11] 1925 година на Џејмс Франк и Густав Лудвиг Херц,[12] 1928 година на Овен Виланс Ричардсон,[13] 1932 година на Вернер Хајзенберг[14] и 1943 година на Ото Штерн,[15] при што секоја награда била доделена наредната година.
„за демонстрација на постоењето нови радиоактивни елементи створени со неутронско озрачување, и за сродн откритија на јадрени реакции предизвикани со спори неутрони”
„за фундаментални истражувања на полето на квантната електроника, што довело до конструкција на осцилатори и засилувачи засновани на масер-ласер принципот”
„за пресуден придонес во физиката на елементарни честички, а особено за откритието на голем број резонантни состојби, што го остварил со пронајдокот на техниката на користење на водородна меурчеста комора и анализа на податоци”
„за фундаментална работа и откритија кои се однесуваат на антиферомагнетизмот и феромагнетизмот, што довело до важни примени во физиката на цврста состојба”
„за пионерски истражувања во радиоастрономијата: на Рајл за откритија и запазувања во техниката, а на Хјуиш за пресудната улога во откривањето на пулсарите”
„за откривање на поврзаноста меѓу заедничкиот и честичното движење во атомското јадро и развивање на теоријата на структура на атомските јадра базирани на оваа зависност”
„за пионерски работа во откривањето на тешка елементарна честичка од нов вид; поточно, за откритие на честичката J/ψ која ја покажала кварковската структура на јадрото”
„за пионерски истражувања на длабоко нееластично расејување на електроните на протоните и поврзаните неутрони, што било од суштинско значење за развој на моделот на кваркови во физиката на честички”
„за развој на неутронската спектроскопија” и „за пионерскиот придонес во развојот на неутронското расејување во истраживањето на кондензирана материје”
„за развој на техникта на неутронско расејување” и „за пионерскиот придонес во развојот на неутронското расејување во истраживањето на кондензирана материје”
„за постигнување на Бозе-Ајнштајнова кондензација во разредени гасови на алкалните атоми, и за раните фундаментални истражувања на особините на кондензатот”
↑„The Nobel Prize Awarders“. web.archive.org. 15 октомври 2008. Архивирано од изворникот на 2008-10-15. Посетено на 4 февруари 2019.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„The Nobel Prize Award Ceremonies“. web.archive.org. 22 август 2008. Архивирано од изворникот на 2008-08-22. Посетено на 4 февруари 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„Nobel Laureates Facts“. web.archive.org. 2 февруари 2007. Архивирано од изворникот на 2007-02-02. Посетено на 3 февруари 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„The Nobel Prize in Physics 2017“. Nobel Foundation. Посетено на 10 октомври 2017. for decisive contributions to the LIGO detector and the observation of gravitational waves