Според Анастасија Каракасиду на крајот од отоманското владеење на Амбарќој било претежно „словенојазична“ населба.[9]
Во Грција
Разгледница од Амбарќој, 1916-18 г.
Во Втората балканска војна (1913) селото настрадало од грчката војска, која го разурнала, а населението било принудено да избега[10] во Бугарија. Истата година тоа е припоено кон Грција, кога е евидентирано без ниеден жител.[10] На местото на Македонците се доведени погрчени Албанци од источнотракиската паланка Мандрица, јужна Бугарија. Во 1920 г. селото веќе имало 524 жители.[10] Во 1928 г. селото е евидентирано како наполно дојденско, со 125 семејства сочинети од 412 жители.[11] Во 1926 г. селото е преименувано во Мандрес во чест на албанската гркоманска паланка Мандрица од која дошле дојденците.
Демографија
Иако во повоените децении селото забележало значителен раст, со време населението опаднало поради иселување во Солун и другите градови.[10]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
656
633
712
550
548
684
668
475
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Мелница во Амбарќој
Селото традиционално се занимавало со производство на пченица, свилени кожурци и други земјоделски производи. Сточарството било слабо развиено поради ограничените пасишта.[10]
Личности
Ангел Трајков (1889 – ?) — учесник во Балканските војни[12]
Васил Георгиев (Георгев, 1890 – ?) — учесник во Балканските војни[13]
Димо Амбарќојлиев — револуционер, деец на МРО, убиен пред 1918 г.[14]
Иван Трајков (Ване Трајков, 1879/1882 – ?) — учесник во Балканските војни[15]
Иван Христов (1889 – ?) — учесник во Балканските војни[16]
Милан Коцев Христов (1889/1892 – ?) — учесник во Балканските војни[17]
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 162–163. ISBN954-8187-21-3.
↑Христов, Иван, и др. Българското опълчение 1877 - 1878 : Биографичен и библиографски справочник. 1 : I, II, III дружина. [Казанлък]: Издателство „Казанлъшка искра“ ЕООД, „Ирита Принт“ ООД. стр. 98. ISBN954-692-001-0.