Караџа Кадар
Караџа Кадар или Караџа Кади[2] (грчки: Καμπάνης, Камбанис, до 1926 Καρατζά Καδή, Караџа Кади, до 1955 година Βάλτοι, Валти)'[3] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 15 километри југоисточно од градот Кукуш и на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, и на 37 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска висина од 167 метри. Караџа Кадар опфаќа површина од 24 квадратни километри[4]. ИсторијаВо „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Караџа Кадар се состоело од 40 куќи и 179 Македонци.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Караџа Кадар имало 200 Македонци.[5][7]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на Егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 280 Македонци и работело егзархиско училиште.[8]. Во Балканските војни од селото како доброволци учествувале Христо Георгиев и Христо Стоев.[9] По крајот на војната, селото било вклучено во составот на Грција. Голем дел од населението заминало од селото кон Македонија или Бугарија и на негово место било населено грчко население од Понд. Во 1928 година селото броело 180 жители[10]. Во 1926 година селото било преименувано во Валти, додека во 1955 година во Камбанис[11] според грчки офицер кој загинал во времето на Балканските војни. ДемографијаПо крајот на Балканските војни, бројот на населението во селото било 37 жители (1913). Селото во пописот од 1940 година броело 1275 жители, 1951 година броело 911 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1025 жители, во 1971 живееле 786 жители, а во 1981 живееле 1051 жител. Денеска, населението на селото е 1384 жители[12]. По Втората светска војна, голем дел од населението се иселило во Солун. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоБидејќи самото село се наоѓа на поле, селото е богато со жито, а се произведува и голема количина на тутун. Населението се занимава и со сточарство. Луѓе од селото
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia