Список на екипи и велосипедисти на Тур де Франс 2019Следи список на екипи и велосипедисти кои учествувале на Тур де Франс 2019.[1] ЕкипиИзданието во 2019 година имало вкупно 22 екипи.[2] Бидејќи Тур де Франс е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] Дополнително, организаторот на трката, поканиле четири професионални континентални екипи да учествуваат на настанот. Трите француски екипи и една белгиска екипа учествувале на трката и претходно.[4][5] Презентацијата на екипите – каде членовите на секоја екипа биле претставени пред медиумите и локалните власти – се одржала пред 75.000 луѓе на Големиот плоштад во Брисел, Белгија, на 4 јули, два дена пред воведната етапа.[6] Секоја екипа имала дозволено да настапи со осум возачи, па така вкупно 176 возачи ја започнале трката.[2] Од нив, 33 го имале својот прв настап на Тур де Франс.[7] Возачите доаѓале од 30 држави. Шест држави имале повеќе од 10 возачи на трката: Франција (43), Белгија (21), Италија (15), Шпанија (13), Германија (11) и Холандија (11).[2] Просечната возраст на возачите на трката била 29,71 година,[8] движејќи се од 21-годишниот Јаспер Филипсен (ОАЕ Тим Емирати) до 39-годишниот Ларс Бак (Тим Дименжн Дата).[9][10] Тим Санвеб го имала најмладиот состав, додека Тим Дименжн Дата го имала најстариот.[11]
Список на учеснициПо националностНа трката настапиле 176 возачи од 30 различни држави.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia