Калуѓерица (Леринско)
Калуѓерица (грчки: Καλογερίτσα, Калогерица) – раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Лерин, во областа Западна Македонија. Според пописот од 2001 година селото броело 5 жители, а според оној од 2011 година нема повеќе жители. ГеографијаСелото се наоѓа на 6 километри југозападно од општинскиот центар Лерин, во источниот дел на Нередска Планина. ИсторијаСелото се споменува уште во XV век во османските документи како хас со 23 семејства на Мустафа-бег, син на Тургут-бег.[2] Името му доаѓа од разрушениот манастир во неговата близина[3] Во периодот 1913-1928 година населението достигнало 130 жители. Поголемиот дел од жителите се антигрчки расположение според државната безбедност. Граѓанската војна не повлијаела на демографскиот развој.[4] ПописиДвижењето на населението според спроведените пописи е следно:
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia