Маала (Леринско)
Маала или Махала (грчки: Τροπαιούχος, Тропеухос; до 1929 г. Μαχαλάς, Махалас[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 323 жители (2011), сочинето од Македонци и грчки доселеници.[3] ГеографијаСелото е сместено во источните пазуви на Нередска Планина, 5 км јужно од Лерин[3] и 3 км југозападно од Кучковени. Крај селото минува Малечка Река.[4] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоОд податоците се гледа дека Маала било македонско село кое во подоцнежниот дел на XIX век станало турско. На почетокот на XIX век францускиот конзул кај Али-паша Јанински Франсоа Пуквил го означил Махала (Machala) како „големо македонско село“.[5][6] Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Вардар ја означил Маала како македонско село.[5][7] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Маала е укажана двапати — еднаш како село Мала (Mala) во Леринската каза со 30 домаќинства и 85 жители Македонци, и вторпат под името Махала (Mahala) како село во Костурската каза со 80 домаќинства сочинети од 60 жители муслимани и 240 Македонци.[8][9] Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Маала живееле 600 Турци и 110 Арнаути муслимани.[10] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Махала се води како мешано албанско-турско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 70 куќи.[11] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 300 жители. Боривое Милоевиќ го спомнува со 100 турски куќи.[3] Во 1920 г. во Маала се попишани 450 жители. Во 1924 г. турските жители се иселени по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место властите довеле 155 грчки дојденци од Источна Тракија и Мала Азија, но поголем број македонски семејства од околните села кои го откупиле земјиштето од турските сопственици.[3] Така, селото станало мешана македонско-грчка населба во која во 1928 г. живееле 430 лица.[3] Во 1929 г. селото е преминеувано во Тропеухос, што во превод значи „трофејно“.[12] На пописот од 1940 г. е забележан пораст на 665 жители.[3] Во 1941 г. селото потпаднало под бугарска окупација и воспостравена е бугарска општинска управа.[13] Селото не настрадало во Граѓанската војна, па затоа во 1951 г. имало 664 жители. Подоцна бројот на жителите почнал да опаѓа поради иселувања во прекуокеанските земји и поголемите градови.[3] ЦрквиСелото ги има следниве верски објекти:[14]
Селска слава е Ѓурѓовден. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоСелото важи за доста богато. Населението се занимава со земјоделство и сточарство. Главни производи се јагодите, тутунот и житото, како и сточарските преработки.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia