Кучковени
Кучковени (грчки: Πέρασμα, Перасма, до 1926 г. Κουτσκοβαίνη, Куцковени[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 435 жители (2011), сите Македонци.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во Леринското Поле, 4 км југоисточно од Лерин, на Менска Река. Лежи на надморска височина од 660 м, а атарот зафаќа површина од 6 км2.[3] ИсторијаОсманлиско времеСелото првпат се споменува во турски тефтер од 1481 г. под името Кучковјани со 67 домаќинства.[4] Во даночните регистри на немуслиманското население население на Леринскиот вилает од 1626-1627 г. селото е заведено како Кучјовени со 15 домаќинства.[5] Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал како македонско[6] село.[7] Во 1861 г. австрискиот допломат Јохан Георг фон Хан на етничката карта на долината на Вардар го бележи Куцковен како македонско село.[8] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ ги претставува податоците за 1873 г. двапати — еднаш како Кочкојни (Kotchkoïni), село во Леринската каза со 290 домаќинства со вкупно 830 жители Македонци и 100 муслимани[9] и вторпат кајо Кучковен (Koutchkovène), село в Костурската каза со 70 домаќинства со вкупно 250 жители Македонци.[9][10] Во 1878 г. во Леринско делувала четата на војводата Дељо Стоев од Кучковени.[11] Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Кучковени (Кучкоени) живееле 840 Македонци христијани.[9][12] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кучковени се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 46 куќи.[13] Според извештајот на бугарскиот трговски агент во Битола, Андреј Тошев, целото село (46 куќи) било во состав на Костурска епархија на Цариградската патријаршија, на крајот од 1902 г. потпаднало под врхоенството на Бугарската егзархија.[14][15] По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кочковени имало 760 Македонци[9] под врховенството на егзархијата.[16] Припојување кон ГрцијаСо Букурешкиот договор во 1913 г. Кучковени било припоено кон грчката држава, кога имало 566 жители.[3] Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ завел 100 македонски куќи. Во 1920 г. населението се накачило на 644 жители,[3] а во 1926 г. селото е преименувано во Перасма.[17] Во дописка од 1932 г. началникот на жандармериската управа од Долно Котори, Димитриос Кабурас, ги нарекол кметот на Кучковени и општинските советници во селото „фанатични бугари“ (мислејќи секако, на Македоннци) и предложил да се сменат. Втора светска и Граѓанска војнаЗа време на Втората светска војна Кучковени било окупирано од Бугарите кои воспоставиле општинска власт.[18] Селото не пострадало во Граѓанската војнаи не дошло до значајно иселување на жителите, со исклучок на неколку семејства, прогонети во источноевропските земји. Намалувањето на населението по војната се должи на сè поголемото иселување во прекуокеанските земји.[3] Денешна состојбаСпоред истржаувањето од 1993 г. селото е чисто „славофонско“ и македонскиот јазик е одлично зачуван.[19] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Кучковени со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Кучковени, каде тоа е единствено населено место. СтопанствоСелото важи за мошне богато. Населението се занимава со земјоделство и овоштарство, при ѓто најзначајни култури се гравот и јаболкото. Земјиштето се наводнува од Менска Река, која тече низ селото.[3] Цркви
Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia